Веливар
Веливар | |
---|---|
Врвот Веливар, во позадината се здогледува Крчин | |
Висина | 2.373 м |
Место | Македонија, Албанија |
Венец | Дешат |
Прво освојување | непознато |
Веливар — највисокиот врв на планината Дешат, Западна Македонија. Се наоѓа на билото на планината, а неговата надморска височина изнесува 2.373 метри. На самиот врв Веливар, минува граничната линија помеѓу Македонија и Албанија, заради што постои и полуразрушен граничен камен во вид на пирамида. Врвот Веливар претставува висок карпест и каменест гребен покриен со бујна и висока трева, кој се издигнува над билото и подгорието на Дешат во долината на Радика од македонска и неговото подножје во долината на Црн Дрим од алабанска страна. До врвот Веливар се стигнува со пешачење од околу 3 и пол до 4 часа од селата Битуше или Требиште или од селото Жировница, по целосно обележана планинарска патека која поседува и столбови со зимски маркации и минува крај Северното и Јужното Гашово Езеро веднаш во неговото подножје и езерото Локув во шумскиот појас. Од врвот Веливар се пружа прекрасна глетка кон долината на реката Радика со манастирот „Св. Јован“ - Бигорски и планината Бистра, соседните карпести врвови Голем и Мал Крчин со градот Дебар и Дебарското Езеро во позадината и планината Кораб од спротива, како и кон долината на Црн Дрим и гратчето Пешкопеја во Албанија. Врвот е често посетуван од планинарските друштва, а во 2017 бил деветтиот врв искачен во рамки на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“.
Галерија
уреди-
Поглед на самиот врв Веливар
-
Поглед на самиот врв Веливар
-
Поглед на самиот врв Веливар
-
Поглед на самиот врв Веливар
-
Поглед кон врвот Веливар
-
Карпестиот гребен на врвот Веливар
-
Врвот Веливар
-
Поглед кон врвот Веливар од источното подножје
-
Поглед кон врвот Веливар од источното подножје
Поврзано
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |