Клепа (планински врв)
Клепа — планински врв и воедно највисок врв на истоимената планина Клепа, во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1150 метри. Се наоѓа токму на средишниот дел на главното планинско било и срт на протегање на планината Клепа, издигнувајќи се и доминирајќи со својата глетка во Повардарието. На самиот врв има голема карпа која го прави препознатлив од далеку изгледајќи на заб кој стрчи над самата планина. До врвот може да се пристапи од селата Подлес, Крајници или Скачинци, каде во минатото постоел и планинарски дом. Обележана патека за искачување на врвот Клепа во должина од 6 километри, постои од браната на вештачкото Подлешко Езеро. Врвот има стратешка поставеност со глетка кон целото средно Повардарие, со Стоби и Криволак како и сообраќајните врски по долините на Вардар и Црна, поради што тој имал воена важност уште од минатото, а под самата карпа на врвот Клепа постојат и напуштени воени бункери. За врвот Клепа, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија запишал дека во источниот крај на висорамнината над с. Чичево и над 2 часа југозападно од Градско од сите други гребени и ридови се издигнува врвот Клепа, по којшто и целата таа област меѓу Бабуна и Река (Раечка Река) се нарекува Клепа[1].
Клепа | |
---|---|
Поглед на врвот Клепа со препознатливата карпа | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1150 м |
Координати | 41°34′13.8″N 21°48′51.7″E / 41.570500° СГШ; 21.814361° ИГД |
Географија | |
Матичен венец | Клепа |
Искачување | |
Прво освојување | непознато |
Галерија
уреди-
Поглед на врвот Клепа од исток
-
Поглед на врвот Клепа од југ
-
Поглед кон највисоките врвови Клепа (лево) и Кал (десно) од север
-
Препознатливата карпа на самиот врв Клепа
-
Поглед на врвот Клепа од исток
-
Глетка од Клепа
-
Поглед на врвот Клепа од исток
-
Поглед на врвот Клепа
-
Поглед кон врвот Клепа
-
Поглед на Клепа
-
Поглед на Клепа
-
Воен бункер на самиот врв Клепа
Наводи
уреди- ↑ Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 61. ISBN 978-608-245-113-8.