Герман (планина)
Герман — средновисока планина во крајниот североисточен дел на Македонија, помеѓу котлината Славиште на југ, долината на Пчиња на север, планината Козјак од запад и масивот Билино од исток.[1]. Највисок врв е Модра Глава (Герман) (1.390 м н.в). Височината на главното било кое има правец на протегање сз–ји е изедначена на околу 1.300 м, а само наместа се издигаат височинки. Во наведениот правец тоа е долго 9 км. Припаѓа на Родопскиот планински систем, односно таа е од тип на стара грамадна планина[2]. Геолошкиот состав е претставен со: гнајсеви, микашисти, зелени шкрилци и др. Неговите страни се дисецирани со голем број речни текови. Планината е сиромашна со шумска вегетација, поради што се активни рецентните ерозивни процеси. Во највисоките делови е сместено селото Герман.[3].
Герман | |
планина | |
Глетка од планинското било
| |
Регион | МакедонијаБалкан |
---|---|
Се граничи со | Козјак и Билино |
Највисока точка | Модра Глава |
- височина | 1.390 м |
Наводи
уреди- ↑ Marković, Jovan Đ (1968). Fizička geografija Jugoslavije (2. изд.). Naučna knjiga.
- ↑ Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 63.
- ↑ Географско друштво на СР Македонија (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.