Козјак (планински врв)
Козјак — врв на планината Бабуна, недалеку од Прилеп, во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.747 метри, со што тој е највисокиот врв на планината Бабуна и воопшто во Прилепско. Врвот се наоѓа на огранката на Бабуна наречена Борула, во непосредна близина веднаш над селото и првојот Плетвар во североисточен правец, како и над селата Крстец во југоисточен и Ореовец во источен правец. Козјак е често посетуван врв и до него водат добро обележани планинарски патеки од Плетвар и Крстец, а на него се искачува и минува трасата на големиот ултрамаратон во планинарско трчање „Крали Марко треилс“. На самиот врв се наоѓа голема железна топка обложена со стакло и натпис со името и височината на врвот, со што е препознатлив изгледот на врвот Козјак. Непсредно под врвот на југозападната страна се наоѓа познатата Дуова Пештера, а на источното подножје се наоѓа и пештерата Рамниште.
Козјак | |
---|---|
Поглед на врвот од југозапад | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.746 м [1] |
Координати | 41°23′34″N 21°41′24″E / 41.39278° СГШ; 21.69000° ИГД |
Географија | |
Козјак на карта | |
Матичен венец | Бабуна |
Искачување | |
Прво освојување | непознато |
За врвот Козјак во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров запишал:
На крајот на Борула и на 2 часа североисточно од Прилеп се издигнува пирамидалниот врв Козјак.[2] Падините од запад, југ и југоисток му се сосема голи, карпести, стрмни и се спуштаат терасовидно во гребени и пропасти меѓу нив, северните падини се плоскави и во горниот дел покриени со грмушки, а во подножјето со кории од букови и брестови дрвја.[2] Речиси целиот се состои од мермер кој му дава бела боја.[2] Под јужната падина близу до селото Плетвар има ископи на мермер, кој се носи дури во Битола. Од секаде човек може да се качи на врвот, но најзгоден пат е оној кој води по билото на Преслоп и по северозападната падина на Козјак.[2] Козјак е еден од високите врвови во внатрешноста на Македонија. Од Плетвар нагоре има 3-3 ½ часа височина, а од коритото на Ленишка Река во полето до Плетвар треба да има ½ час височина.[2] Мештаните веруваат дека од него може да се види Солунскиот Залив - верување со кое сакаат да кажат дека тој е многу висок. Покрај сето тоа, снегот не стои долго време на врвот.[2] Причината треба да е истата онаа која ја наведов за Љуботен, т.е. дека е гол, налегнат и целосно изложен на сончевите зраци.[2] Како и сите планини со варовнички состав, Козјак е многу богат со подземни пештери и пропасти, од коишто некои се полни со вода во дното.[2] Попознати од нив се две: една на врвот (Дуова Пештера), друга по западната падина над с.Ореовец (Рамниште).[2]
Галерија
уреди-
Поглед на врвот Козјак од север
-
Поглед на врвот Козјак од север
-
Препознатливата топка на врвот Козјак
-
Препознатливата топка на врвот Козјак
-
Поглед на врвот Козјак од запад
-
Поглед на врвот Козјак од запад
-
Поглед на врвот Козјак од запад
-
Поглед на врвот Козјак од југозапад
-
Поглед на врвот Козјак од запад
-
Поглед на врвот Козјак од северозапад
-
Поглед на врвот Козјак од подножјето на запад
Наводи
уреди- ↑ Петрушевски, Илија. (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Скопје. стр. 36.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 66. ISBN 978-608-245-113-8.