Дева (планина)

планина во Преспа, Егејска Македонија
(Пренасочено од Осој (планина))

Дева или Осој[1] (грчки: Νικηφόρου Ουρανού, старо Ντέβα, Дева или Ντέβας, Девас) — планина во Долна Преспа, Егејска Македонија.[2] Практично претставува срт на Сува Гора.

Дева
Νικηφόρου Ουρανού / Ντέβας
Селото Нивици и врвот Дреничето
Највисока точка
Надм. вис.1.373 м
Координати40°47′58″N 21°02′14″E / 40.7995° СГШ; 21.0373° ИГД / 40.7995; 21.0373
Географија
Дева на карта

Карта

МестоДолна Преспа, Егејска Македонија
Карта

Опис

уреди

Планината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Дел е од Националниот парк „Преспа“. Во северното подножје е селото Нивици, во јужното е Винени, а во југоисточното е островското село Ахил. Највисок врв е Дева со 1.373 м. На југ е одвоена од планината Цуцул со реките Сотеска и Доскохангла. Реката Мијојца, која се влева во Големото Преспанско Езеро кај Нивици, ја дели Дева на два дела.[2]

На картите на Грчката военогеографска служба од 1934 и 1945 г. врвот стои како Дева (Ντέβα). На картите на Националната статистичка служба на Грција (НСС) од 1963 и 1983 г. е спомената како Девас (Ντέβας).[2]

Дева е сочинета од враовнички карпи. Во подрачјето има и многу езерски и планински пештери како Есенец 1 (Εσενέτς 1), Есенец 2 (Εσενέτς 2), Раксанец (Ρακσανμέτς, Ραξανέτς), Црна 1 (Τσέρνα 1), Црна 2 (Τσέρνα 2), Преображение (Ανάληψης), Бела Пештера (Μπέλα Πες, Άσπρη Σπηλιά), Цепурина (Τσεπουρίνα), Паралеица (Παραλέητσα), Ниски (Νίσκι), Света Богородица Елеуса или Свети Петар (Παναγίας Ελεούσας, Αγίου Πέτρου).[2]

Врвови

уреди

Врвовите на планината, дадени по висински редослед,[2] се следниве:

Име Грчки Висина
(м)
Местоположба
Дева Νικηφόρου Ουρανού, Ντέβα, Ντέβας 1.373 во средиштето на планината
Голе Μητσοπούλου Δημητρίου, Γκόλε 1.360 на главното било, јужно над Нивици
Баба Νικηφόρου Ξιφία, Μπάμπα 1.360 во источниот дел на планината, над провлакот меѓу езерата
Купта Падина Πετροκέφαλο, Κούπτα Πάδινο 1.249
Под Присоо 1.186
Κεδρώνας 1.160
Дреничето Κρανιά, Δρενίτσετο 1.119 североисточно над Нивици
Триско Падина Τρίσκο Πάδινο 1.108
Свети Ѓорѓи Άγιος Γεώργιος 1.099 југоисточно над Нивици

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Кънчов, Васил (1970). Избрани произведения, том I. София: Издателство „Наука и изкуство“. стр. 416.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 427. ISBN 978-960-86676-6-2.