Баба Сач

планина во Македонија

Баба Сач — средновисока планина која се издига помеѓу Кичевската Котлина на север и карстното Церско Поле на југ. Со највисокиот врв Голем Сач од 1.698 м[1], кој се наоѓа во средишниот дел, се протега во напореднички правец исток – запад. На запад со превалот Турла (1.099 м) е одвоена од планината Бабен (1.220 м), додека на исток преку плитко седло продолжува во повисоката Бушева Планина (1.780 м). Зафаќа мала површина од 39,5 км2. Во геолошкиот состав доминираат палеозојски масивни мермери со дебелина до 1.000 м, кои овозможиле нивна експлоатација и интензивна карстификација. На јужното подножје се наоѓаат две селски населби, Цер и Мало Црско.[2]

Баба Сач
планина
Сртот на планината
Регион Балкан
Се граничи со Македонија Македонија
Највисока точка Голем Сач
 - височина 1.698 м
Поглед на планината од Церското Поле

Наводи

уреди
  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 111. Посетено на 16 јануари 2024.
  2. Географско друштво на СР Македонија (1989). географски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.

Надворешни врски

уреди

41°26′6″N 21°0′37″E / 41.43500° СГШ; 21.01028° ИГД / 41.43500; 21.01028