Пречна Планина

планина во Македонија и Албанија

Пречна Планина — средновисока планина којашто се протега на границата меѓу Македонија и Албанија. Планината е сместена меѓу граничниот премин Стење (Горица) на запад, каде што со превој се поврзува со планината Галичица и Преспанското Езеро на исток. Планината има правец на протегање северозапад-југоисток. Највисок врв е Високи Врв со надморска височина од 1.293 м. Во подножјето на планината се сместени селата Коњско на македонска и Туминец на албанска страна.

Пречна Планина
Поглед на Пречна Планина со селото Туминец во нејзиното подножје
Највисока точка
Надм. вис.1.293 м
Матичен врвВисоки Врв
Географија
Пречна Планина на карта
МестоМакедонија Македонија/ Албанија

Поврзано

уреди