Џами Тепе
Џами Тепе (бугарски: Ильов връх, до 1942 г. Джамо/Джамa) — највискиот врв на Малешевските Планини.[1] Висок е 1.803 м и лежи на самата македонско-бугарска граница кон Пиринска Македонија.
Џами Тепе | |
---|---|
Ильов връх | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1803 м |
Координати | 41°46′09″N 23°00′30″E / 41.7691° СГШ; 23.0083° ИГД |
Географија | |
Место | Р Македонија, Пиринска Македонија |
Матичен венец | Малешевски Пл. |
Се издига во северниот дел на главното планинско било. На северозапад преку седлото наречено Седлото се поврзува со првенецот на планината Влаина — врвот Кадиица; на југоисток седлото Конското го поврзува со врвот Трите Гроба. Врвот е заоблен, со налегнати падини и не се истакнува особено над околните зарамнети била. На североисток оd него се одвојува ридот Краиште.
Врвот е изграден од метаморфни карпи. Почвата е планинско-ливадска. Високите делови се образснати со подалпска тревна растителност, а падините со бука и бор.
Точно низ Џами Тепе поминува државната граница, делејќи го Пехчевско во Р Македонија од Горноџумајско во Пиринска Македонија. На таа кота стои гранична пирамида со број 51.
Бугарско име
уредиНа 29 јуни 1942 г. бугарската држава го сменила бугарското име во Иљов Врв, кое дотогаш гласело Џамо или Џама. Новото име на врвот е дадено во чест на Дедо Иљо Малешевски согласно политиката на присвојвуање на македонските национални дејци.[2]
Поврзано
уредиИзвори
уреди- Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 384.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Малешевски Планини“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 904. Text "series " ignored (help)
- ↑ Научноинформационен център „Българска енциклопедия“ (2015). Промени в наименованията на физикогеографските обекти в България 1878 – 2014 г. София: Книгоиздателска къща „Труд“. стр. 96. ISBN 978-954-398-401-5.