Дукат (планина)
Дукат — средновисока планина во југоисточна Србија и крајниот североисточен дел на Македонија. Планината има голо и заоблено било со просечна надморска височина од 1.400 м. Највисок врв е Црноок со надморска височина од 1.881 м, додека во Македонија највисок е врвот Аниште (1.786 м).[1] Според геоморфолошкиот состав, планината се состои од кристални шисти и гранит. Во бугарската географија се среќава како дел од Краиштидите, додека во српската географија се сврстува во Родопската Зона.
Дукат | |
---|---|
Поглед на планината Дукат со највисокиот врв Црноок | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.881 м |
Матичен врв | Црноок |
Географија | |
Место | Србија/ Македонија |
На врвот Бела Вода на Дукат се наоѓа изворот на реката Пчиња.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Милевски, Ивица; Маркоски, Благоја; Димитровска, Олгица (2012). „Физичко-географски атрактивности во североисточниот дел на Република Македонија“ (PDF). Географски разгледи. Скопје. 46 (79-97): 79–97. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-10. Посетено на 2018-04-01.