Миракули на грозомората
Миракули на грозомората — трилогија на македонскиот писател Славко Јаневски, составен од трите дела: „Легионите на Свети Адофонис“ (1984), „Кучешко распетие“(1984) и „Чекајќи чума(1984)“.Книгата била приготвена за печат 1982.
Автор | Славко Јаневски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Издавач | „ Македонска книга“ |
Издадена | 1987 |
Медиум | печатено издание |
Содржина
уредиТрилогијата на Јанески како три засебни романи на една единствена романескна целост се вклучуваат во она што Георги Старделов во „Exsperimentum Macedonicum“ (1983)го нарекол итарпејовски циклус во творештвото на Славко Јаневски. Светот на Кукулино во македонската литература станува стожер на светот, еден нов човечки космос. Оваа трилогија го навестува циклусот на Јаневски за Кукулино, кое не е само село, регион на падините на Скопска Црна Гора. Тоа е човечки космос во мало.
- Легионите на Свети Адофонис има три дела: Стрвоспев, Крвоспев, Врвоспев.Секој дел има 9 глави. Во Стрвоспев: Рождество на смртта, Стаорци, Помор, И чинка и крст и, ...И Оган, Тројца неопојани дојденци, Клун, Адофонис, Воспоминанија, лов. Во Крвоспев поглавјата се насловени како: Заблуждението коти чудеса, Библија на опијанетите, Месечина од зелена бронза, Пци со железни муцки, Пир, Глобочина на мракот, Коските под модра спила, Ништожна вера, Воспоменанија, бол. Во третиот дел Врвоспев поглавјата се: Ни бог ни гроб, Свет во кропа дожд, Пци и песји нарави, Предизвик на крвта, Коварна Венера, Сенки на девет претсказанија, Сражение,Молитва на сонот и за сонот, Воспоменанија, скрб.
- Кучешко распетие е поделена на три дела со по 9 глави. Во првиот дел главите се. Прохор, Теофан, Антим, Кипријан, Русијан, Богдан, Парамон, Симонида.Тврдина. Коски,Око. Во вториот дел: Магла, Земја, Семка, Корен, Стебло, Пупка, Плод, Черв. Безумие. Тегоба, Рака. Третиот дел е составен од следнива глави: Данило, Пребонд Биж, Јон, Катина, Папакакс, Вецко, Карпо Љубански, Часлав. Разделба. Јад, Крик.
- Чекајќи чума е составена од три воведенија. Воведение во летата на отрокот, во кој главите се насловени како: Големиот летач Спиридон, Пречесни вериги на скрбта, Трча ли през гора, скока ли?, Голтачи на иднината, Чудоредија, Мало е, и апе и убива, Поплачи земјо, заиграј, Индикта кауза, Последниот ден на отрокот. Вториот дел е Воведение во проклетството на младоста во која се следниве глави: Магија на сполуавеноста, Воскресението се одложува, Нишки на состојанието, Част од поглавието воведение во проклетството на младоста, Оган и мраз, Чинки, Сказание од рибја утроба, И љужбу усни твојих, Страв. Третиот дел е насловен како Воведение во мракот на сознанието во кој се деветте глави: Иконостас, Бежание, Преданија, Сенки на преданијатата, Долги дни, долги ноќи, Рамновесие, Преображенија, мали и уште помали, И избави нас, Скончание на воведенијата. Книгата завршува со Молитва на мајка Минадора каде во молитвата се споменуваат по азбучен ред 228 ликови од Миракули на грозомората.
Наводи
уреди- ↑ Славко Јаневски, Миракули на грозомората, Македонска книга, Скопје, 1987.