Византиска наука
Византиска наука — има важна улога во преносот на класичните знаења на исламскиот свет и во ренесансна Италија, а исто така и во преносот на средновековната арапска наука кон Европа.[1] Нејзината богата историографска традиција ги зачувала древните знаења врз кои се темелеле уметноста, архитектурата, книжевноста и технолошки достигнувања.
Класична и црковни студии
уредиВизантискиот науката во суштина претставувала класична наука.[2] Затоа, византиска науката за целото време на постоењето била тесно поврзана со античка-пагански филозофија и со метафизиката. И покрај некои спротивставувањето на паганските учења, многу од најистакнатите класична научници имале високи функции во Црквата.
Како настании кои ја одбележале борбата против паганското во науката може да се спомнат убиство на паганската филозоф Хипатиј Александриски во 415 година, за затворањето на Платоновата академија во 529 година, на реакционерство на Козма Индикоплевст, осудата на Јован Италос во 1082 година и на Георгије Гемист Плитон поради нивната посветеност на античката филозофија. Античките знаења никогаш не престанала да се пренесуваат Византија. Главен поддржувач на ова во IV и во V век биле Платоновата академија во Атина, влијанието на Александриската филозофска школа и Универзитетот на Цариград кој, освен со теологија, се занимавал со секуларни теми.[3] Дури и изучувањето на теологијата во наставата ги вклучувало античките класици. Монашките училишта биле посветени на изучување на Библијата, теологија и литургија.
Математика
уредиВизантиските математичари ги зачувале и прошириле знаењата на големите старогрчки математичари. Од V до VII век на архитектите и математичари Исидор од Милет и Антемиј од Трал користат комплексни математички формули за изградба на голема црква Света Софија, која претставува големо технолошко достигнување за своето време и во вековите кои следеле, поради впечатливата впечатлива геометрија, дизајнот и висината. Во подоцните векови од постоењето на Византија математичари како Михаил Псел ја сметал математиката како алатка со која може да се протолкува светот.
Медицина
уредиМедицината е уште една од науките кои Византијците ја нследиле од антиката и унапредиле. Како резултат на тоа, византиската медицина имала големо влијание врз исламската медицина, како и врз медицина во периодот на ренесансата во Западна Европа.
Византиската и исламската наука
уредиВо текот на средновековието, постоела голема размената на дела и знаења меѓу византиската и исламската наука. Византија првично за средновековниот исламски свет претставувала извор на античките текстови и знаења за астрономијата, математика и филозофија кои се преведувале на арапски јазик, со оглед на тоа што во раниот среден век Византија била водечка научна сила во регионот на средоземјето. Подоцна, како што Калифатот и други средновековни исламски култури станувале водечки центри на научни сознанија, византиските научници преведедувале исламски книги за астрономијата, математиката и за другите науки (најчесто книгите биле од персиски и египетски научници) на средновековен грчки јазик.[4][5][6] Постоеле и византиски научници кои се користеле арапски преводи за да се опишат одредени научни концепти наместо постоечките старогрчки.
Византискиот наука играла важна улога во, не само пренесување на антички грчки знаење во Западна Европа и во исламскиот свет, туку и во пренесувањето арапската наука во Западна Европа. Некои од сознанијата во областа на астрономијата може да се забележат во делата на Никола Коперник.[1] Византиските научници, исто така, биле запознаени со сасанидската и со индиската астрономијата што може да се забележи преку цитирањето на некои арапски дела.[4]
Хуманизам и ренесанса
уредиВо текот на XII век Византијците го започнале нивниот модел на хуманизмот како ренесанса на интересот за класичните знаења. Во Евстафиј Солунски византискиот хуманизам го нашол својот најкарактеристичните израз.[7] Во текот на XIII и XIV век, периодот на интензивна творечка активност, византискиот хуманизам се приближил кон својот зенит и манифестира впечатлива аналогија, со италијанскиот хуманизам кој се развивал во истиот период. Византискиот хуманизам верувал во виталноста на класичната цивилизација, во нејзините науки, и ги воздигнувал нивните научни достигнувања.[8]
Покрај опаѓањето на политичката и воената моќ во последните два века во царството науката и книжевноста доживеале процут. Често овој период се нарекува Последна византиската ренесанса или Ренесанса на Палеолозите.[9] Некои од најеминентните претставници на оваа ера се: Максим Плануд, Мануил Москополец, Димитриј Трициниј и Тома Магистер. Академијата во Теребизон, која била под големо влијание на научните влијанија од Персија, станала познат центар за проучување на астрономијата, на математичките науки и на медицината и затоа таа која го привлекувала вниманието на скоро сите научници од тоа време.[8] Во последниот век на постоењето на Византија граматичарите беа главно одговорни за толкувањето на старогрчката граматичка, и за книжевните студии сѐ до почетокот на италијанската ренесанса. Меѓу нив бил и Мануил Хрисолор кој бил вклучен и во преговорите за соединување на Црквите.[9]
Литература
уреди- ↑ 1,0 1,1 George Saliba (2006-04-27). „Islamic Science and the Making of Renaissance Europe“. Посетено на 2008-03-01.
- ↑ The faculty was composed exclusively of philosophers, scientists, rhetoricians, and philologists (Tatakes, Vasileios N.; Moutafakis, Nicholas J. (2003). Byzantine Philosophy. Hackett Publishing. стр. 189. ISBN 0-872-20563-0.)
- ↑ „Byzantine Medicine - Vienna Dioscurides“. Antiqua Medicina. University of Virginia. Архивирано од изворникот на 2020-04-07. Посетено на 2007-05-27.
- ↑ 4,0 4,1 David Pingree (1964), "Gregory Chioniades and Palaeologan Astronomy", Dumbarton Oaks Papers 18: 135-60
- ↑ King, David A. (March 1991). „Reviews: The Astronomical Works of Gregory Chioniades, Volume I: The Zij al- Ala'i by Gregory Chioniades, David Pingree; An Eleventh-Century Manual of Arabo-Byzantine Astronomy by Alexander Jones“. Isis. 82 (1): 116–8. doi:10.1086/355661.
- ↑ Joseph Leichter (June 27, 2009). „The Zij as-Sanjari of Gregory Chioniades“. Семрежен архив. Посетено на 2009-10-02.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Tatakes-Moutafakis, Byzantine Philosophy, 110
- ↑ 8,0 8,1 Tatakes-Moutafakis, Byzantine Philosophy, 189
- ↑ 9,0 9,1 Robins, Robert Henry (1993). The Byzantine Grammarians: Their Place in History. Chapter I. Walter de Gruyter. стр. 8. ISBN 3-110-13574-4.
Византиско Царство | ||
Ромејска култура | Историја на Римското Царство во средниот век | Уредување на Римското Царство во средниот век |
---|---|---|
Архитектура |
Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I |
|