Отон I (Свето Римско Царство)
Отон I или Отон Велики (германски: Otto I der Große, роден на 23 ноември 912 во Валхаузен (Саксонија-Анхалт) - починал на 7 мај 973 во Мемлебен) — владетел од Отонската династија, цар на Светото Римско Царство од 962 година до неговата смрт, крал на Италија од 961 година, крал на Германија од 936 година, војвода од Саксонија од 936 година. Тој бил најстариот син на Хајнрих I и Матилда.
Отон Велики | |
---|---|
Цар на Светото Римско Царство | |
На престол | 2 февруари 962 – 7 мај 973 |
Крунисување | 2 февруари 962 Рим |
Претходник | Беренгар |
Наследник | Отон II |
Крал на Италија | |
На престол | 25 декември 961 – 7 мај 973 |
Крунисување | 10 октомври 951 Павија |
Претходник | Беренгар II |
Наследник | Отон II |
Крал на Германија | |
На престол | 2 јули 936 – 7 мај 973 |
Крунисување | 7 август 936 Ахенска катедрала |
Претходник | Хајнрих I |
Наследник | Отон II |
Војвода од Саксонија | |
На престол | 2 јули 936 – 7 мај 973 |
Претходник | Хајнрих I |
Наследник | Бернхард I |
Роден(а) | 23 ноември 912 Валхаузен (Саксонија-Анхалт)[1] |
Починал(а) | 7 мај 973 Мемлебен | (возр. 60)
Почивалиште | |
Сопруга | Едит Англиска (930–946) Аделада (951–973) |
Династија | Отонска династија |
Татко | Хајнрих |
Мајка | Матилда |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Отон го наследил Војводство Саксонија и германската круна по смртта на неговиот татко во 936 година. Тој продолжил да работи на обединување на сите германски племиња во една царство на неговиот татко и во голема мера ја проширил царската моќ на сметка на аристократијата. Преку стратешки бракови и лични состаноци, Отон ги инсталирал членовите на неговото семејство во најважните војводства на кралството. Ова довело до намалување на различните војводства, кои претходно биле еднакви на кралот. Отон ја трансформирал Римокатоличката црква во Германија.
По започнувањето на граѓанската војна во земјата, Отон ги поразил Унгарците во 955 година, со што завршила унгарската инвазија на Западна Европа[2]. Победата против паганските Унгарци на Отон му донела репутација како спасител на христијанството. Во 961 година го освоил Кралство Италија и ги проширил своите граници на север, исток и југ. Следејќи го примерот на крунисувањето на Карло Велики како „цар на Римјаните“ во 800 година, Отон бил крунисан за цар во 962 од страна на папа Јован XII во Рим.
Внатрешна политика
уредиКога во 936 година бил избран за крал на Германија, Отон бил крунисан во Ахен, како поранешна престолнина на Карло Велики, и бил прогласен од страна на епископот од Мајнц. Со тоа, Отон сакал да ја нагласи својата поврзаност со Карло Велики. Во 938 година во Саксонија биле откриени рудници со сребро, бакар и олово кое дополнително придонело околу трговијата на Отонската династија во следните 200 години.
Во обид да ги спречи сепаратистичките стремежи на големите феудалци и да го зацврсти авторитетотот на кралската власт, Отон I се обидел да создаде сојуз меѓу црквата и државата или поточно да ги постави црковните институции во служба на државата. Како основа на тоа, Ото започнал да дава имоти на разни црковни институции. Освен тоа на црковните институции Ото им дал и одредени привилегии (судски, воени, административни и други), претворајќи го свештенството во многу важен извршен орган на земјата. Во замена високото свештенство дало вазална заклетва на кралот и добило од него инвеститура (воведување во власт). Така, преку овие реформи царот давал потврда на духовниот владетел преку симболично давање на скиптар или прстен. Оваа црковна организација, поставена во служба на државата во литературата е позната под терминот „Царска црква“ (Reichskirche).
Надворешна политика
уредиОтон I значително ги проширил територијалните граници на државата - продолжил со освојувањата на исток, до реката Одра, продолжувајќи ја традицијата започната од Карло Велики за насилна христијанизација на населението. Покрај тоа успеал да го приклучи Војводство Лорен во своите граници и да го принуди данскиот крал да му даде вазална заклетва. Главната надворешна закана, како и во времето на Хајнрих I (911-936), продолжила да доаѓа од страна на Унгарците. Во 955 година, во Битката на Лешко поле, германските сили успеале да им нанесат пораз на унгарските и да ги принудат да се повлечат кон денешните територии на Унгарија.
Отон направил важни реформи кои ја заврстиле власта на германските владетели. Создаал силна витешка армија, изградил бројни кралски замоци и ја ставил под своја контрола црквата во германските земји. Во владетелот исто така се родил и стремеж за освојување на Рим и потчинување на папата. Во 951 година Ото I започнал со својот прв поход во Италија, каде успеал да ја освои Ломбардија и во Павија да биде крунисан со железната круна на лангобардските кралеви. Во 961 година повторно направил поход во Италија, пристигнувајќи до Рим. Во 962 година бил крунисан од папа Јован XII за цар, а во замена Ото ја признал власта на папата. Отон од папата побарал самиот папа да се избира според обичајот, но да не ја презема должноста пред да даде заклетва пред царот. Отон I успеал дури и да добие признание на титулата од страна на Византија, за што сведочи бракот меѓу неговиот син Отон II и византиската принцеза Теофанија.
Овој чин го означува почетокот на новово царство на Западот - Светото Римско Царство (на германската нација), која постоела до почетокот на 19 век.
Наводи
уреди- ↑ Freund, Stephan (2013). Wallhausen – Geburtsort Ottos des Großen, Aufenthaltsort deutscher Könige und Kaiser (германски). Schnell und Steiner. ISBN 978-3-7954-2680-4.
- ↑ Reuter 1991, стр. 254.
Надворешни врски
уреди„Отон I (Свето Римско Царство)“ на Ризницата ? |
- „Charter given by Emperor Otto for the monastery Hilwartshausen showing the Emperor's seal, 12.2.960“. Collections of the "Lichtbildarchiv älterer Originalurkunden". Philipp University of Marburg. "Guest-Access" and further information.