Библиотекар

стручно лице што работи во библиотека

Библиотекар[1][2] (ж. р. библиотекарка) или книжничар[3][4] (ж. р. книжничарка) — професионалец првенствено вработен во библиотеки низ различни сектори, вклучувајќи ги и јавните, истражувачките, основните и средношколските библиотеки. Библиотекарите играат клучна улога во управувањето со библиотечните ресурси и обезбедувањето услуги на посетителите. Нивните одговорности опфаќаат широк опсег на задачи, вклучувајќи организирање, пристап и проценка на книги и други материјали, одржување на архивски збирки и помагање при прашања.[5]

„Библиотекар“ од Џузепе Арчимболдо, 1556 г.

Покрај традиционалните библиотечни вештини, книжничарите мораат да поседуваат и стручност во информатичката технологија за успешно да управуваат со цифрените ресурси, да обработуваат податоци и да обезбедуваат семрежни услуги за корисниците. Обуката за библиотекари опфаќа различни теми како што се стекнување материјали, системи за каталогизација, маркетинг, буџетирање и прилагодување на растечките потреби на корисниците на библиотеката и технолошкиот напредок.

Од доаѓањето на компјутеризацијата и дигитализацијата во 1960-тите, книжничарите се соочуваат со нови предизвици поврзани со управувањето со електронските ресурси, зачувувањето на цифрените материјали и прилагодувањето на библиотечните услуги на цифрената епоха. И покрај овие промени, основната мисија на библиотекарите останува сосредоточена на олеснување на пристапот до информации, подобрување на писменоста и зачувување на културното наследство во рамките на нивните заедници.[6]

Наводи уреди

  1. „библиотекар“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „библиотекар“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „книжничар“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „книжничарка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „What does a librarian do? - CareerExplorer“. www.careerexplorer.com. Посетено на 2024-02-19.
  6. „Library - Collection, Preservation, Access | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2024-02-19.

Надворешни врски уреди