Игор Анѓелков

македонски писател

Игор Анѓелков (р. 5 ноември 1974) — македонски писател, критичар и уредник.

Животопис

уреди

Роден е во Скопје. Дипломирал интердисциплинарни студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по "Медиуми и комуникации" на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје[1].

Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на книжевноста, музиката и филмот, а долго време беше дел и од екипите на скопските радија "Канал 103" и "Равел".

Повеќе десет години е уредник на популарната едиција "ПРОаЗА" во издавачката куќа "Или-Или", а исто толку години е автор и уредник на филмскиот магазин "Филмополис" на ТВ Телма.

Дела

уреди
  • Кротки приказни, кратки раскази, 2006 година;
  • Крај-пат, роман, 2010 година;
  • Фото синтеза, роман, 2013 година[2];
  • Филм.мкд, од областа на филм, 2015 година;
  • Филмски град, од областа на филм, 2018 година;
  • Шрапнел, роман, 2020 година.

Награди

уреди
  • Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за 2015 година;

Романите Крај-пат, и Шрапнел беа во најтесна конкуренција за Рациново признание.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 2020-12-15.
  2. https://www.slobodnaevropa.mk/a/24949906.html

Надворешни врски

уреди