Отвори го главното мени

Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника

„Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ (француски: Ethnographie des Vilayets d'Andrinople, de Monastir et de Salonique) — статистика издадена на француски јазик во Цариград во 1878 г. како прилог на тамошниот весник „Курје д’Оријан“, а подоцна и како посеба брошура. Книгата претставува статистички преглед на населението на Одринскиот, Битолскиот и Солунскиот вилает според регистарот на данокот „бедел-и аскерие“ од 1873 г. Изготвена е од општествениците Методиј Кусев, Георги Груев и нивните помошници со цел да се застапува наводната бугарштина на Македонија и Одринско. Оваа статистика, позната како „егзархиска статистика“ е претставена на Цариградската конференција (23 декември 1876 - 20 јануари 1877 г.) и се користела при определување на на границите на Санстефанска Бугарија во иредентистичкиот Санстефански прелиминарен мировен договор (1877).[1]

Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника  
Ethnographie-des-vilayets.jpg
Корица на книгата
Наслов на
оригиналот
Ethnographie des Vilayets d'Andrinople, de Monastir et de Salonique
ЗемјаОсманлиско Царство
Јазикфранцуски
Жанр(ови)статистика на населението
ИздавачКурје д’Оријан, Цариград

Делото излегло како реакција на трудот на Александар СинвеLes Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“ (Грците во Османлиското Царство. Статистичко и етнографско проучување),[2] кој имал за цел тенденциозно и со огромен број лажни податоци да ја преувеличи бројот на Грците во царството.

Во книгата за првпат се дадени подробни податоци за населението на трите вилаети според населените места и етничката припадност на жителите. Притоа, сите Македонци се претставени како „Бугари“ согласно големобугарската политика.

Во 1995 г. книгата е издадена на бугарски от Македонскиот научен институт под името „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ (Македонија и Одринско. Статистика на населението од 1873 г.) со напореден изворен текст на француски и предговор на бугарски, англиски и руски.

Опфатени подрачјаУреди

ИзвориУреди

  • „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995

НаводиУреди

  1. Маркова, Зина. Българската екзархия 1870 - 1879, Издателство на Българската академия на науките, София, 1989, стр. 226.
  2. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878.
  3. Податоците се однесуваат само на градот и три вкупни бројки за 156 македонски, 21 турско и 3 влашки села.
  4. Ставена погрешно, бидејќи впрочем била дел од Косовскиот вилает.