Црква „Св. Атанасиј“ - Локвени
Свети Атанасиј — главна манастирска црква на средновековниот Житошки манастир помеѓу прилепските села Локвени и Житоше, Македонија.[1]
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прва кривогаштанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°24′15″N 21°17′36″E / 41.40417° СГШ; 21.29333° ИГД |
Место | Локвени |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Изградба | 1627/2012 |
Завршено | 1627/2016 |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа во атарот на селото Локвени, сместена над него. Историски, црквата била подигната и припаѓала на некогашното христијанско село Долно Житоше.
Црквата е прогласена за споменик на културата.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа над селото Локвени, а до нејзе се пристапува по лош земјен пат.
Црквата се наоѓа над селото Локвени, на самата граница на атарот со соседното Житоше. Црквата е изградена во месноста Манастириште, кое некогаш припаѓало на селото Долно Житоше (денес дел од Житоше).[2]
Историја
уредиЗа црквата и самиот манастир се верува дека е средновековен. Од ктиторскиот натпис се дознава дека била подигната во 1627 година.[3]
Во 1890-тите години, свештеникот во црквата бил обесен од страна на житошките Арбанаси.[2]
Во 1950-тите години, црквата и манастирот биле без земја, напуштени и полуразрушени.[2] Со текот на времето, црквата целосна се разурнала.[3]
Црквата започнала да се гради повторно во 2012 година и нејзината изградба завршила во 2016 година.[4]
Архитектура
уредиФрескоживопис
уредиЦрквата поседувала фрескоживопис кој бил насликан во 1627 година. Истиот бил пренесен во крушевската црква „Св. Троица“.[3]
Сликарството било суво и без моделација, фигурите биле издолжени, а колоритот бил згаснат.[3]
По возобновувањето на црквата, во 2016 година се вршени и уредување на внатрешноста на црквата.[4]
Галерија
уреди-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Куполата
-
Влезот
-
Горниот дел од црквата
-
Поглед на црквата
-
Црквата при изградбата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Свети Ахил"“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1319. Text "series " ignored (help)
- ↑ 4,0 4,1 Макфакс++ (2016-08-06). „Поставени темели на новиот конак на манастирот во Локвени“. МАКФАКС. Посетено на 2022-01-03.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Локвени на Ризницата ?