Дмитриј Донски
Св. Дмитриј Иванович Донски (руски: Дмитрий Иванович Донско́й; 12 октомври 1350 во Москва - 19 мај 1389 во Москва) — син на Иван II, а бил кнез Москва од 1359 година и кнез на Владимир од 1369 година, па сè до својата смрт во 1389 година. Тој бил првиот кнез на Москва кој војувал со Татарите, а поради неговата победа над нив во Битката кај Куликово во 1380 која се водела по течението на реката Дон, Дмитриј го добил псевдонимот Донски.
Дмитриј Донски | |||||
---|---|---|---|---|---|
Голем кнез на Москва | |||||
На престол | 13 ноември 1359 – 19 мај 1389 | ||||
Претходник | Иван II | ||||
Наследник | Василиј I | ||||
Роден(а) | 12 октомври 1350 Москва, Големо московско кнежевство | ||||
Починал(а) | 19 мај 1389 Москва, Големо московско кнежевство | (возр. 38) ||||
Владетел | Евдоксија Димитриевна | ||||
Деца | Данаил Јури Василиј Софија Јуриј Димитриевич Марија Анастасија Симеон Иван Андреј Петар Ана Константин | ||||
| |||||
династија | Рурик | ||||
Татко | Иван II | ||||
Мајка | Александра |
Донски е признаен за светец во Русија, и неговиот ден се чествува на 19 мај[1][2].
Рано владеење
уредиДмитриј го преземал престолот како кнез на Москва на само 9 години. За време на неговото рано владеење мошне активна била владата на чело со московскиот митрополит Алексеј. Во 1360 годна најголемото достоинство помеѓу руските кнезови, кнезот од Владимир го трансформирало во хан на Златната орда по Дмитриј Константинович од Нижни Новгород. Во 1363 кога кнезот бил сменет, Дмитриј бил крунисан за кнез на Владимир. Три години подоцна, тој склучил примирје и сојузништво со Дмитриј Константинович и се оженил со неговта ќерка Евдоксија. Во 1376 година нивните здружени војски ја уништиле Волшка Бугарија.
Најзначајно од неговото рано владеење е започнувањето на изградбата на Московски Кремљ којшто бил завршен во 1367 година. Новата тврдина му овозможила градот полесно да ги одбие опсадите, а особено оние на Алгирдас од Литванија, во 1368 и 1370 година. Третиот обид во 1372 година завршил со примирјето во Љубуцк. Во 1375, Дмитриј преговарал да ги реши конфликтите со Михаил II Тверски под влијание на Владимир во свооја корист. За време на неговот владеење многу кнезови од северна Русија му се придружиле против ордата. За време на своето владеење со Москва, Дмитриј Донски двојно ја зголемил територијата на кнежевството.
Борбата против ордата
уредиТриесетгодишното владеење на Дмитриј Донски претставува почеток на крајот од монголското владеење од денешни делови на Русија. Монголските сили биле ослабнати поради граѓанската војна во Монголија и династичките борби за престолот. Дмитриј ја искористил таквата предност и својата борба против Монголите ја започнал со битка против Татарите.
Дмитриј е првиот руски владетел којшто извојувал победа над Монголците. Монголскиот генерал Мамаи, пратеник од престолот се обиел да го казни Дмитриј за зголемената моќ којашто ја употребил во битките. Во 1378, Мамаи испратил монголска војска, но таа била поразена во Битката кај реката Вожа. Две години подоцна, Мамаи лично предводел војска во походот кон Москва. Но, Дмитриј го пресретнал и го поразил во Битката кај Куликово. Битката се војувала по течението на реката Дон, па поради тоа тој бил наречен Дмитриј Донски.
Поразот на Мамаи му го одземал високиот углед на престолот, па тој бил симнат од генералот Токтамиш. Монголскиот Кан го оддржал правото над некои делови од Русија, но затоа му дозволил на Дмитриј да може да собира данок во деловите каде што живеело монголско население. Тој ги задржил добрите односи со Златната орда и бил назначен за Голем војвода од Владимир. По неговата смрт во 1389 година, неговиот син Василиј I ги наследил неговите титули без согласност со монголскиот Кан.
Наводи
уреди- ↑ (грчки) Ὁ Ἅγιος Δημήτριος ὁ μεγάλος Πρίγκιπας. 19 Μαΐου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
- ↑ June 1 / May 19. HOLY TRINITY RUSSIAN ORTHODOX CHURCH (A parish of the Patriarchate of Moscow).
„Дмитриј Донски“ на Ризницата ? |