Елена Глинскаја
Елена Василевна Глинскаја (руски: Елена Васильевна Глинская; 1510 г. - 4 (13) Април 1538 г., Москва) била втора сопруга на Василиј III и регент на Русија 5 години (1533-1538).
Регентство
уредиВладеењето на Елена е познато по конфликтите во владата предизвикани од нејзината тесна соработка со убавиот млад болјарин по име Иван Феодорович Овчина-Телепнев-Оболенски и Даниел (митрополит од Москва). Во 1535, Елена извршила повеќе реформи, таа вовела унифициран монетарен систем во државата. Глинскаја потпишала примирје со Литванија во 1536, додека истовремено ја неутрализирала Шведска. Таа изградила нов бедем околу Москва, поканила доселеници од Литванија, ослободила руски затвореници и вовела мерки за заштита на патниците од уличните бандити.[1] Таа исто така посетила многу манастири.[1]
Елена починала во 1538 година на релативно млада возраст. Некои историчари сметаат дека таа била отруена од страна на Шуиските, кои ја узурпирале власта по нејзината смрт. Неодамнешните студии на нејзините остатоци ја поддржуваат тезата дека Елена била отруена.[2]