Јуриј III
Јуриј III Данилович Московски (руски Юрий III Данилович Московский) бил голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство од династијата Рурикови.
Јуриј III Данилович Московски | ||
Роден | Москва | |
---|---|---|
Починал | 21 ноември 1325 Сарај |
Јуриј бил најстариот син на Даниел Московски, кој по неговата смрт освен престолот ги наследил и војните со Монголите и Андреј III, големиот кнез на Владимир-Суздал. По неговата смрт, Јуриј ја сакал титулата на Переславлското кнежевство. Од друга страна пак, Михаил II го опседнале Переславл и Москва, а самиот Михаил заминал во Златната орда каде му била потврдена титулата кнез.
Јуриј продолжил да управува со Москва. Во 1302 година го убил заробениот кнез на Рјазањ, Константин, по кое го зазел Можаиск. Во 1314 година склучил договор со митрополитот Петар и со Новгород против Михаил.
Во 1315 година го зазел Сарај, престолнината на Златната орда, и по две години го убедил на Узбек хан да го подржи во неговите претензии кон престолот. Тој се оженил со сестрата на ханот и се вратил во Русија со значителен број на монголска армија. И покрај тоа, во 1317 година бил поразен а неговиот брат Борис и неговата сопруга биле заробени. Јуриј успеал да побегне во Новгород и се обидел да склучи мир, но во Твер неговата сопруга починала неочекувано. Тој на Узбек хан му објавил дека неговата сестра била отровена по наредба на Михаил II, по кое Михаил бил повикан во Сарај и погубен.
По ова, во 1319 година Јуриј се вратил во Русија и бил прогласен за голем кнез налагајки Москва да плаќа годишен данок од рускиот вазал. Во тоа време, кнежевството доживеало голем развој придобивајќи огромно богатство.
Во меѓувреме, синот на Михаил, Димитриј заминал кај ханот и го убедил дека Јуриј не плаќал данок, по кое тој бил повикан во Сарај, но пред да дојде од заседа бил убиен од страна на Димитриј.