Симеон Гордиот

(Пренасочено од Симеон Московски)

Симеон Ивановиќ Горди (на руски Симеон Иванович Гордый) бил кнез на Московското Кнежевство и голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство од 1340 до 1353. Тој е првиот син и наследник на Иван Калита. Бил оженет со Марија, ќерка на големиот кнез Александар Тверски.

Симеон Ивановиќ Горди
Роден 7 ноември 1316
Москва
Починал 7 април 1353
Москва

Симеон Гордиот ја централизирал власта и го засилил своето влијание врз кнезовите во идната Русија. За разлика од мирољубивата политика на својот татко искажана преку органичување на својата територија од проширувње, Симеон веднаш откако дошол на власт започнал војна против Новгород. Бидејќи бил сојузник со Златната орда, Симеон ја централизирал својата власт и го зголемил влијанието си меѓу останатите руски кнезови. По десет години го нападнал Смоленск. Овој напад не му се допаднал на Литванското војводство, гледајќи во Москва идна голема опасност. Во 1341 водел војна со градот Торжок, по која дополнително ја засилил власта си во Новгород.

Починал во 1353 година во времето на Црната смрт заедно со своите два сина. Тој е погребан во Архангелската катедрала во Московски кремљ.