Руското Царство или Московското Царство (руски: Царство Русское или Московское царство) — името на руската држава од 16 јануари 1547 година до 22 октомври 1721 година. Царството било основено кога Иван Грозни ја презел титулата цар а истата била преименувана кога Петар Велики ја исфрлил оваа титула и ја зел титулата император, од кој период и започнува руската држава да се нарекува Руска Империја. Главен град на царството до 1712 година бил Москва.

Царство Русcкое
Царство Русија
1547–1721
Територија на Царство Русија / Русија во       1500,       1600 и       1700.
Територија на Царство Русија / Русија во       1500,       1600 и       1700.
Главен градМосква
(1547–1712)
Александров Кремљ
(1564–1581)
Санкт Петербург
(1712–1721)
Говорени јазицируски
Вероисповед
Руска Православна црква
УредувањеАпсолутна монархија &
Царизам
Цар 
• 1547–1584
Иван Грозни (прв)
• 1682–1721
Петар Велики (последен)
LegislatureЗемски собор
Историја 
16 јануари 1547
1598–1613
1654–1667
1700–1721
10 септември 1721
• Основање на Руска Империја
22 октомври 1721
Валутаруска рубља
Претходници
Наследници
Големо Московско Кнежество
Руска Империја

Владеење на Иван Грозни

уреди

Развојот на царскиот автократски апсолутизам, својот врв го достигнал за време на владеењето на Иван IV (1547-1584), познат и како Иван Грозни. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година. Тој ја зајакнал позицијата на монархот на највисоко ниво. Исто така, во негово време биле направени едни од најголемите реформи во историјата на Русија, при што биле воведени нови закони во многу области, познати под името Судебник[1], со кои се бил основан првиот руски претставнички парламент кој се викал Земски Собор, а свештениците добиле поголеми права во управувањето.[2]

Иако, тој војувал во долгата Ливонска војна за контрола на брегот на Балтичкото Море, во која дожиевал неуспех,[3], Иван Грозни успеал да ги зазеде Казанското ханство, Астраханското ханство и Сибирското ханство.[4] Овие освојувања ја прекинале постојаната миграција на азиските народи во Европа, која се одвивала по течението на реките Волга и Урал. Преку овие освојувања, Русија ја зазела земјата на Татарите и на меѓународно ниво се појавила како мултиетничко и мултиконфесионално општество. Исто така, во овој период царот дал наредба да бидат ослободени Козаците, задолжувајќи ги да му служат.

Во подоцнежниот период од неговото владеење, Иван ја создал т.н. „Опричнина“ (руска територија во која царот имал директно управување). Наследниците на Иван Грозни извршиле голем број на крвави братоубиствени нереди во Опричнината, а главна кулминација на нередите бил Новгородскиот масакар во 1570 година. Овие настани биле проследени со воени загуби, епидемии и довеле до слабеење на царството. Тоа им овозможило на Татарите да извршат дополнителен притисок врз геополитичката состојба на Русија[5]. Во 1572 година, царот се откажал од „Опричнината“.[6][7]

Време на проблеми

уреди

По смртта на Иван Грозни, на престолот го наследил неговиот син Фјодор I. Во текот на неговото владеење следувал период на граѓански војни и „странска“ интервенција, позната како „Време на проблемите“ (1606–1613). Екстремно студените лета од 1601 до 1603 година,[8] довеле до голем глад и зголемување на социјалната неорганизираност. Владеењето на Борис Годунов било проследено со големи бунтови и востанија, но сепак тој извршил големи реформи во Русија, меѓу кои најзначајни се социјалните и образовните. Тој ги познавал најдобрите европски учители и честопати го доведувал во царскиот двор за да учителствуваат. Поради победата против Шведска, уште од времето како регент, тој настојувал да обезбеди излез на Русија на Балтичкото Море. За таа цел, тој морал да ја освои Ливонија. Во 1600 година, Борис Годунов го поддржал создавањето на Полско-литванската Државна Заедница што дошло до голема побуна и немири против него. Како водач на немирите се смета дека бил последниот син на Иван Грозни, Димитриј Иванович, којшто се смета и дека го организирал убиството на царот на 13 април 1605 во Москва. На престолот, Борис Годунов бил наследен од неговиот син Фјодор II, којшто владеел само неколку месеци, бидејќи и тој бил убиен од противниците на својот татко. Претходно, од 1610 до 1612 година, војската на Полско-литванската Државна Заедница ја окупирале Москва. Тие не успеале да го заземат градот, но градот бил запален.[9][10][11] Во 1612, населението во Нижни Новогород, но и во другите поголеми градови, предводено од Дмитриј Позхарски и Кузма Минин успеале да ги протерат полските окупаторски сили од Москва.[12][13][14]

Во февруари 1613 година, Полјаците биле протерани од околината на градот Москва, а Националното собрание, кое било составено од претставници од педесет градови, па дури и некои села, го избрале Михаил Романов за нов цар на Русија. Тој бил првиот руски цар од династијата Романови која владеела, сè до 1917 година.

Основна задача на новата династија била да го врати мирот и стабилноста во земјата. За среќа на државата, нејзините главни непријатели, Полско-литванската Државна Заедница и Шведска биле ангажирани во меѓусебни конфликти, кое и овозможило на Русија да склучи мир со Шведска во 1617 година и да потпише примирје со Полско-литванската Државна Заедница во 1619 година. Враќањето на загубените територии, кое започнало во средината на 17 век со Хмељницкото востание во Украина против полската власт и перејаславскиот договор, склучен меѓу Русија и украинските Козаци.

Според договорот, Русија им гарантирала безбедност на Козаците во новосоздадената Запорошка република, која дотогаш била под полска власт. Но, руско-полските војни продолжиле и понатаму, сè до Андрушевскиот договор во 1667 година, во кој Полска ја прифатила територијалната загуба на Украина, вклучувајќи ги градовите Киев и Смоленск.[15]

Наводи

уреди
  1. „Ivan the Terrible“. Minnesota State University Mankato. Архивирано од изворникот на 2007-07-18. Посетено на 23 јули 2007.
  2. Zenkovsky, Serge A. (1957). „The Russian Church Schism: Its Background and Repercussions“. Russian Review. 16 (4): 37. doi:10.2307/125748. Посетено на 2007-07-23.
  3. William Urban. „THE ORIGIN OF THE LIVONIAN WAR, 1558“. LITHUANIAN QUARTERLY JOURNAL OF ARTS AND SCIENCES. Архивирано од изворникот на 2012-08-08. Посетено на 23 јули 2007.
  4. Janet Martin, Medieval Russia, 980–1584, Cambridge University Press, 1995, стр. 395, ISBN 052136832
  5. Skrynnikov R. "Ivan Grozny", M, 2001, стр. 142–173
  6. Robert I. Frost, The Northern Wars: 1558–1721 (Longman, 2000) стр. 26–27
  7. Moscow – Historical background
  8. Borisenkov E, Pasetski V. "The thousand-year annals of the extreme meteorological phenomena", стр. 190, ISBN 5-244-00212-0
  9. George Vernadsky, "A History of Russia", Volume 5, Yale University Press, (1969), Russian translation
  10. Mikolaj Marchocki "Historia Wojny Moskiewskiej", ch. "Slaughter in the capital", Russian translation
  11. Sergey Solovyov. History of Russia... изд. 8, стр. 847
  12. Chester S L Dunning, Russia's First Civil War: The Time of Troubles and the Founding of the Romanov Dynasty, p. 434 Penn State Press, 2001, ISBN 0-271-02074-1
  13. Troubles, Time of." Енциклопедија „Британика“. 2006
  14. Pozharski, Dmitri Mikhailovich, Prince Архивирано на 11 декември 2008 г.", Енциклопедија „Колумбија“
  15. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Curtis2.