Руска православна црква
|
Руската православна црква (руски: Русская Православная Церковь) е автокефална национална црква во Русија со ранг патријаршија.
ИсторијаУреди
Во 988 година кнезот Владимир од Киев (подоцна Свети Владимир) го прифатил византиското православие и наредил да се покрсти неговото население. До 14 век метрополата Киев и цела Русија (главата на Руската црква) се сместила во Москва, нездоволните западни руски кнежевства се здобиле со привремени довоени метрополи, но влста подоцна повторно се централизирала во Москва. Во 15 век црквата го отфрлила прифаќањето на Исидор од метрополата да се обедини со Западната црква и назначиле нивна незвисна метропола. Москва се издигнала самата себеси како „трет Рим“ и како последен бастион на православието; во 1859 година, главата на Руската црква се здобила со титулата патријарх, и стигнала до нивото на патријарсите во Констнтинопол, Александрија, Антиохија и Ерусалим.
Реформите од Никеа предизвикале шизма во самата црква и Петар I го укинал патријархатот во 1721 година, ставајќи ја црковната администрација во државен депатман. Патријархатот повторно се основал во 1917 година, два месеца пред болшевичката револуција, но под советите на црквата и биле одземени нејзините легални права и практично ја потиснале. Руската православна црква во САД станала незвисна од Москва во 1970 година.[4]
НаводиУреди
- ↑ „Russia“. State.gov. конс. 2009-05-06.
- ↑ „CIA - The World Factbook - Russia“. Cia.gov. конс. 2009-05-06.
- ↑ „Adherents.com“. Adherents.com. конс. 2009-05-06.
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 8, стр. 136