Вијана (шпан. Viana) — гратче и општина во покраината Навара во северна Шпанија. Местото е основано во 1219 г. од наварскиот крал Санчо VII. Денес населението брои 4.018 жители.[1]

Градската куќа на Вијана

Во Вијана е погребан италијанскиот војсководец и државник Чезаре Борџија (1475/76-1507). Градот е родно место на отецот Франциско Гонсалес де Ибара, мисионер во јужна Калифорнија во периодот помеѓу 1820 и 1840.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди