Википедија:Викиекспедиции 2024

ВикиПроект
„Викиекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2024 година биле планирани четири викиекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:

  1. Штипско (Општина Штип) — дводневна експедиција (26-28 април);
  2. Долини на Бабуна и Тополка (Општина Чашка) — дводневна експедиција (7-9 јуни);
  3. Долен Полог (Општина Тетово и Општина Брвеница) — две еднодневни експедиции (21 јули и 28 август); и
  4. Прилепско Мариово (Општина Прилеп) — дводневна експедиција (11-13 октомври).

Прва експедиција

уреди

Штипско

уреди
 
Обновената карта на посетени села во Македонија по посетата на Општина Штип

Пролетта оваа година дојде многу порано, но затоа подоцна дојдоа и пролетните врнежи, но некако се погодија работите и последниот викенд од април се договоривме да ги почнеме експедициите оваа година, што некако интересно се погоди со истиот период минатата година.

Иако Штип е еден од поголемите градови во кои сме барале сместувања, сепак се покажа како доста скромен во понудата за сместувања и буквално не можевме да спиеме во Штип, туку нашето сместување беше во гратчето Свети Николе, во обновениот хотел „Овче Поле“, покрај денешниот автопат Скопје-Штип, а кој денес работи под името „Мејбери Хајвеј“ (Mayberry Highway).

Во поплавневните часови на 26 април 2024 година (петок), вообичаените членови Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски, како и новиот член во екипата на експедициите Корисник:MacedonianMaps се упатиле кон нашето сместување во Свети Николе.

Прв ден

уреди

Првиот ден учесниците на експедицијата најпрвин од своето сместување се упатиле кон градот Штип за појадок, а подоцна се упатиле кон најоддалеченото село од општината, а тоа било Брест, кое се наоѓа во непосредна близина на вулканската наобразба Пилав Тепе. Доаѓајќи до Брест, најпрвин застанавме да го фотографираме неговиот манастир, кој е доста интересен со сите негови знаци за однесување на посетителите, а подоцна го посетивме и самото село, од каде се гледа новоотворениот рудник „Боров Дол“. На половина пат за назад, го употребивме нашиот дрон за да го фотографираме раселеното Ново Село, кое малкумина знаат и дека воопшто постои, бидејќи во истата општина постои истоимено село, кое низ времето станало штипска населба.

Откако се вративме на регионалниот пат се обидовме да скршнеме кон селото Шопур, во чиј атар се наоѓа Пилав Тепе, но некако не ни поаѓаше од рака и бидејќи веќе стигнавме до свртувањето за селото Горачино, рековме дека ќе продолжиме кон него. Во селото, неочекувано, пронајдовме црква посветена на „Св. Архангел Михаил“, која веќе беше целосно при крај. Од местото каде беше црквата, го пуштивме нашиот дрон за да го фотографираме малото село Танатарци.

Откако пак се вративме на регионалниот пат, овојпат со совет од мештаните во Горачино, го најдовме вртењето за Шопур, каде буквално отворавме врата, бидејќи некој го има заградено патот. На половина пат до Шопур го пуштивме дронот за да го фотографираме селото, бидејќи во истото немавме забележано некој објект за фотографирање.

По овие села, решивме дека е време да се префрлиме на селата на планината Серта, па така најпрвин отидовме до најоддалеченото село Патрик, кое всушност е историско село и од кое како единствен остаток е обновената црква „Св. Илија“. До селото се стигнува кога на самиот превој помеѓу Штип и Неготино, ќе се скршне десно, каде ќе ве пречека знак „Лакавица“. Набрзо, сфативме дека знакот всушност претставува име на ловиште, бидејќи не дочека затворена порта. Сепак, зад нас, се појави друго возило, од каде излезе возачот и ни објасни дека тоа е ловиште, но дека ќе не однесе до црквата откако дозна за која намена сакаме да ја најдеме.

Од таму се спуштивме во селото Пиперово, кое го имаме посетено уште во 2016 година, но отидовме повторно, бидејќи најдовме дека во него постои нова црква посветена на „Св. Илија“. Додека бевме направивме нова воздушна фотографија, како и повеќе фотографии од црквата „Св. Богородица“ на влезот во селото.

Од Пиперово се упативме кон Лесковица, од кое имавме само панорамска фотографија. Во селото ги фотографиравме селската црква и кога сакавме да се упативме кон Суво Грло по земјен пат, сфативме дека во селото има уште една црква, за која немаше никакви податоци дека постои. Сепак до селото Суво Грло на крајот отидовме откако се вративме на регионалниот пат, бидејќи земјениот пат од Лесковица беше целосно обраснат од вегетација и скоро непрооден. Кога дојдовме во Суво Грло го пуштивме нашиот дрон за да го опфатиме и селото Степанци.

Оттаму продолживме кон селото Балталија, а подоцна се симнавме во селото Лакавица, кое е сместена на некогашниот регионален пат Штип-Радовиш. Таму во тек е изградба на црква посветена на „Св. Петар и Павле“. Од Лакавица се упативме кон селото Пухче, за кое имавме податоци дека има две цркви, но за кои немавме податоци за нивните имиња. Од Лакавица најпрвин започна земјен пат, но откако ја преминавме истоимената река, се појави асфалтен пат, како многу пати претходно во Македонија. Во селото брзо ја најдовме едната црква посветена на „Св. Ѓорѓи“, а подоцна тројца од членовите се упатиле кон манастирот „Св. Илија“, кој е целосно напуштен и кој ние го најдовме обраснат, иако покрај црквата постои и некогашен конак, како и параклис пред самиот манастир.

Од Пухче, се вративме на регионалниот пат и отидовме кон селото Селце, кое поседува и црква и џамија, кои се наоѓаат непосредна една до друга. Од Селце се спуштивме во селото Драгоево, кое се забележува дека во минатото било доста големо, бидејќи во него има доста стари напуштени општествени установи. Од него се упативме кон манастирот „Вознесение Христово“, сместен над селото. Подоцна, сакавме да продолжиме да ги фотографираме напуштените турски села. По пат за нив стигнавме до селото Пенуш, како и армиското стрелиште. Следејќи го убавиот макадамски пат, сепак, стигнавме само до новопоставена заштитна ограда, табла за забранет пристап и бодликава жица, спречувајќи ги нѐ да продолжиме понатаму. Подоцна, дознавме дека армискиот полигон бил проширен и во Штипско, иако за тоа нема никаква ознака кога ќе дојдете таму, а не е обележано ниту на картите.

На враќање, се решивме да го посетиме уште селото Софилари, во кое исто така е започната изградба на нова црква. Ова село беше последно од низата села за овој ден.

Втор ден

уреди

Вториот ден, иако се обидовме да најдеме отворена пекарница во Свети Николе, ја немавме таа среќа, па така повторно се упативме во Штип. Ова сакавме да го направиме, за да можеме да ги посетуваме селата веднаш, наместо да возиме определен период. На крајот, тргнавме обратно, и се упативме кон најоддалечените штипски села на планината Плачковица.

Прво село низ кое поминавме и застанавме беше Шашаварлија, во кој има манастирска црква и џамија, како и основно училиште. По кратката пауза во селото, продолживме кон селото Никоман, за кое потрошивме многу време да ја најдеме неговата селска црква, за која може да се каже дека ја најдовме, или поточно најдовме објект кој личи на црква и внатре во него има икони. За името не добивме податок. По Никоман, асфалтниот пат заврши и започна земјен пат. Негде понатаму, застанавме на најблиската точка за да го фотографираме со нашиот дрон селото Калапетровци. Кога наближувавме до селото Кошево, наеднаш асфалтниот пат повторно се појави. Селото Кошево е интересно, бидејќи за него чувме првпат кога го посетивме кањонот Камник, но од страната на селото Радање. Од Кошево продолживме до селото Почивало, од каде се гледаа повеќе јуручки села, дел од Општина Радовиш, кои веќе ги имавме посетено во рамки на претходните експедиции. Од Почивало направивме воздушна фотографија на Тополничко Езеро, кое е всушност јаловиште на рудникот „Бучим“.

По совет на мештаните од Кошево, на враќање наместо низ градот, се упативме по земјен пат до селото Стар Караорман, каде ја фотографиравме новоизградената црква и основното училиште. Подоцна, продолживме кон селото Чардаклија, каде исто така по земјен пат ја најдовме црквата, за која имавме само местоположба, но немаме податок за нејзиното име.

Оттаму, продолживме кон селото Судик, а по пат застанавме во селото Врсаково и Сарчиево. Додека во овие две села, беше прилично едноставно, црквите беа веднаш видливи и брзо ги наоѓавме, во селото Судик имавме авантура да ги пронајдеме сите верски храмови. На крајот со помош на мештаните и со помош на нашиот дрон успеавме да фотографираме седум храмови. Не ја исклучуваме можноста да имаме пропуштено некој храм, иако дадовме сѐ од себе да ги пронајдеме сите. Со дронот го фотографиравме и историското село Крњевци.

Откако завршивме со овие села се упативме кон селото Долани, кое има две цркви, но кои беа доста полесни за наоѓање. На самото вртење за селото Долани се наоѓа стар споменик посветен за загинати мештани од селото од страна на бугарскиот фашистички окупатор во текот на Втората светска војна.

Од таму продолживме кон селото Љуботен, каде ја најдовме една од поубавите нови цркви во Македонија веднаш на самото сретсело. Селото поседува уште една црква. Од Љуботен по макадамски пат продолживме нагоре и влеговме во убави житни полиња. Возејќи низ нив сфативме дека патот кој го даваат картите за до селото Чифлик, повеќе не постои и отидовме по заобиколен пат. Иако, мештаните во селото Љуботен кажаа дека во селото Чифлик имало црква, ние во запуштеното село и целосно преземено од вегетацијата не најдовме ништо. Од Чифлик се упативме кон Штип по земјен пат, а по пат само застанавме да го фотографираме селото Липов Дол со нашиот дрон.

Исход

уреди

Со фотографирани 30 нови села, 1 повторно посетени, 2 историски села и поминати над 600 километри, можеме да кажеме дека имавме уште една успешна експедиција.

Галерија

уреди
Статии

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Втора експедиција

уреди

Долини на Бабуна и Тополка

уреди
 
Поглед на Согленскиот манастир

На 7 јуни (петок), вообичаената екипа составена од Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски, тргнаа во попладневните часови кон сместувањето во близина на селото Оморани, кое беше одбрано како средишно место за посета на селата по долините на Бабуна и Тополка.

Претходно, во текот на 2018 година, ја посетивме веќе областа Азот, со што може да се каже дека ова е втора посета од наша страна на областа. За ова се решивме, бидејќи имавме доста пропуштени работи и села при таа експедиција, па затоа се вративме за темелно поминување на овие села.

Прв ден

уреди

По појадокот во сместувањето, учесниците на експедицијата се упатиле кон најоддалечените села во областа, со цел постепено да се симнуваме во пониските делови. Така, учесниците најпрвин стигнале во селото Ореше, каде задачата била да се посети гробишната црква „Св. Јован“, од која немавме фотографии, како и неколку дронски фотографии, бидејќи при претходната посета го немавме нашиот дрон. Потоа, се искачивме во соседното село Папрадиште, каде го фотографиравме Марково Стопало и малата црквичка „Св. Никола“ и повторно направивме фотографии со дронот. По ова село, се упативме кон Нежилово, но само за да свртиме по земјен пат за селото Капиново, кое го посетуваме по првпат. Во него се останати само уште неколку куќи и главната селска црква „Св. Илија“.

По овие три планински села, се спуштивме во поранешното општинско седиште Богомила, каде фотографиравме уште две цркви од кои немавме фотографии, како и една црква во изградба меѓу куќите во селото. Од Богомила се упативме кон селото Црешнево, до кое води земјен пат во должина од 7 километри. Таму ја фотографиравме селската црква „Св. Петка“, која е една од најстарите во областа.

Од него, повторно се вративме до Богомила, а по кратко време скршнавме преку железничката пруга, каде го фотографиравме железничкото стојалиште „Бистрица“ и се упативме во селото Бистрица со единствена цел да појдеме до манастирот „Св. Петар и Павле“, до кој во 2018 година не бевме во можност да појдеме, бидејќи беше поставена рампа, која беше заклучена.

Потоа, почнавме да се спуштаме низводно по Бабуна и стигнавме до Согле, каде ги фотографиравме џамијата, основното училиште и ЖС „Согле“, а потоа се упативме и до познатиот Согленски манастир до кој води земјен пат. Во манастирот поминавме долго време, откако монахињата Вероника нѐ пречека и убаво нѐ прошета низ целиот манастир, кој моментално се обновува. Во соседното село Теово поминавме само на кратко и ги фотографиравме само поранешното основно училиште и уште еден општествен објект, бидејќи останатите ни беше покриено. Потоа, се обидовме да влеземе во земјениот пат кој води до селото Плевење, но беше невозможно да се стигне до него и се откажавме.

Од таму, се упативме кон селото Габровник, кое заедно со Ораов Дол и Мокрени образува посебен крак од областа Азот, и беше единственото кое не го посетивме во 2018 година. Таму ја најдовме разрушената црква „Св. Никола“.

Денот го завршивме со посета на самото село Оморани, каде што бевме и сместени, каде направивме фотографии од трите цркви во селото, а се искачивме и до манастирот „Св. Никола“, високо над селото. Вечерта отидовме до градот Велес за да јадеме и да ставиме гориво.

Втор ден

уреди

Вториот ден беше обележан со неколку пехови, што се одразија на целокупниот наш успех и резултат на експедицијата. Најпрвин, кога се разбудивме и отидовме да појадуваме, сфативме дека нема никој во сместувањето и така си заминавме без да јадеме. Отидовме во соседното село на Оморани, Мартолци, каде ги фотографиравме црквите „Св. Христофор“ и „Св. Ѓорѓи“.

Потоа, се упативме во поранешното општинско седиште Извор со цел да најдеме отворена продавница и да го фотографираме основното училиште, од кое не сме направиле фотографии во 2018 година. Потоа, продолживме да се движиме по регионалниот пат за Прилеп, кој е макадам/земјен пат и се одвоивме за селото Поменово. На враќањето на регионалниот пат забележавме дека стрелката за гориво покажува дека имаме само половина резервоар, иако претходната вечер во Велес наточивме гориво. По проверка на патосниците сфативме дека е мокро на возачкото и совозачкото место, но сфативме дека е вода, а не бензин. Проверувавме дали тече од негде, но истекување на гориво немаше нигде. Продолживме да се движиме кон селото Степанци, каде требаше да отидеме до манастирот „Св. Димитриј“. Нино остана на двоењето кај возилото, додека другите тројца отидовме кон манастирот и иако планиравме да застанеме на половина пат и така да го фотографираме со дрон, сепак стигнавме до крајот. Кога се вративме кај колата, Нино ни кажа дека најверојатно стрелката за гориво не покажува точно поради водата и дека веројатно климата од негде пушта вода, па затоа се возевме без клима во наредниот период.

За да не ризикуваме, ги оставивме другите села во оваа област и единствено отидовме до селото Владиловци, каде ја фотографиравме селската црква и манастирот „Св. Ѓорѓи“ над селото. Воедно, го фотографиравме и историското село Јасеново.

За да се движиме главно по асфалт и да бидеме поблиску до Велес, се одлучивме да извозиме до селата Горно и Долно Јаболчиште, кои се најголеми во општината Чашка и до кои има асфалтен пат. На враќање од нив отидовме и до селото Дреново, како и до историски познатото село Горно Врановци, во кое поминавме доста време за да ги фотографираме сите знаменитости, зачуваните спомен-куќи, стариот хотел и селската џамија.

Исход

уреди

Со фотографирани 9 нови села, 10 повторно посетени, 1 историско село и поминати над 600 километри, можеме да кажеме дека имавме уште една успешна експедиција и покрај проблемите со кои се соочивме.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. [[]] — село [[Податотека:|200п|]] wikidata:

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Трета експедиција

уреди

Долен Полог

уреди

Поради работни обврски на членовите и поради шумските пожари низ државата и со тоа наметнатите ограничувања за посета на шумските подрачја, третата експедиција претрпела измени од годишниот план и така наместо членовите да се упатат кон областа Козјачија и да биде дводневна експедиција, членовите решиле дека експедицијата ќе се изврши двапати по еден ден во областа Полошка Котлина, при што првиот пат (21 јули) членовите ги посетиле селата од Општина Тетово, додека на 28 август членовите ја истражувале Општина Брвеница.

Прв дел

уреди

Поради близината на Тетово и селата околу него, членовите тргнале во раните утрински часови на 21 јули и најпрвин се упатиле кон високите планинските делови. Така, најпрвин било посетено селото Бозовце, од кое имало неколку фотографии од други лица, но сепак не било добро опфатено со сите негови општествени и верски објекти. Од Бозовце, членовите се упатиле кон Вешала, од каде претходно немало никакви слободни фотографии. Покрај истражените работи за кои тимот знаел претходно да ги фотографира, на сретсело сретнале споменик од НОБ. По Вешала, следело селото Бродец, каде ги фотографиравме селската џамија и основното училиште. Од Бродец мислевме дека директно можеме да излеземе во селото Вејце, но набрзо сфативме дека многу подобро ќе ни биде да го посетиме по асфалтниот пат од селото Селце, како што и направивме на крајот. Затоа, продолживме по асфалтниот пат и стигнавме во некогашното општинско седиште Шипковица, кое имаше бројни општествени објекти, како и две селски џамии.

Од Шипковица, се упативме кон скијачкиот центар Попова Шапка, бидејќи истиот припаѓа на атарот на селото Лисец и со тоа претставува негов дел. Пред да стигнеме до Попова Шапка, влеговме и во самото село Лисец. Во центарот откако завршивме со фотографирање, направивме мала пауза во текот на денот.

На спуштање од Попова Шапка навративме во селото Гајре, како и во Расадиште, кое официјално се смета за маало на Лисец, но сепак е целосно на различна место и претставува целосно издвоена целина. Откако се спуштивме во самиот град, отидовме да ги посетиме селата Мала и Голема Речица, кои претставуваат споени со самиот град Тетово. Поради самото спојување имавме сериозен предизвик да ги најдеме разликите помеѓу градот и селата на самиот терен, особено да ги издвоиме џамиите, со тоа кои припаѓаат на селата, а кои на градот. На крајот успеавме во тоа, и направивме уште една мала пауза во манастирот „Св. Ѓорѓи“ над селото Мала Речица.

По ова, повторно се упативме кон планинскиот дел, односно возевме кон селото Вејце, познато во македонската јавност по еден од најгрозните масакри извршени за време на воениот конфликт во Македонија. Од Вејце се спуштивме во Селце, во кое поради неговата поставеност беше предизвик да се влезе и да се дојде до селската џамија и основното училиште. По него, отидовме во селото Лавце, каде се наоѓа Тетовското кале и кое има две цркви и една џамија.

Кога повторно дојдовме до градот, се упативме на север и отидовме до селото Ѓермо, планинско село до кое има асфалтен пат, како и основно училиште и селска џамија. Од Ѓермо, повторно се спуштивме, и се упативме кон македонските села Једоарце, Отуње и Сетоле, во кои ги најдовме селските цркви релативно лесно, бидејќи се наоѓаа покрај асфалтниот пат.

Втор дел

уреди

Исход

уреди

Со фотографирани 15 нови села и 1 историско село (маало) и поминати над 00 километри, можеме да кажеме дека имавме уште една успешна експедиција и покрај летните предизвици.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. [[]] — село [[Податотека:|200п|]] wikidata:

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано

уреди
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. [[]] — село [[Податотека:|200п|]] wikidata: