Согленски манастир
Согленски манастир — манастир во азотското село Согле, сместен над селото, до кој води земјен пат од селото.[1][2]
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ - Согле |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Пресвета Богородица |
Епархија | Повардарска |
Цркви | „Рождество на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Место | |
Место | Согле, Општина Чашка, Македонија |
Координати | 41°36′27″N 21°34′18″E / 41.60750° СГШ; 21.57167° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конак, камбанарија |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Богомилска парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа на 30 километри југозападно од Велес во реонот на селото Согле, а во соседство со селата Богомила, Бистрица и Теово, во месноста Азот.
Историја
уредиЗа овој храм црковно-историските извори ништо не зборуваат. Се претпоставува дека тој потекнува од многу постаро време кога селото Согле не било исламизирано. Градбата на манастирот била изведена некаде во XIV или XV век кога уште немало доселено муслиманско население во Азот. Во периодот од 1850 до 1855 година биле поправени конаците и црквата.[2]
Градби во манастирот
уредиМанастирскиот комплекс е составен од: манастирската црква, манастирските конаци, како и други помошни објекти.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
уредиГлавната манастирска црква е посветена на Пресвета Богородица, по која е и наречен целиот манастир.[2]
Конаци
уредиПокрај манастирот изградени се и конаци. На 25 август 2007 година поставен е и осветен камен-темелник за изградба на нови конаци. Осветувањето го извршил Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.[2]
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Богомилска парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 28 август 2018.
Надворешни врски
уреди- Согленски манастир на Ризницата ?