Јасеново
Јасеново — историско село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Јасеново | |
Новоизградени куќи во месноста на поранешното село Јасеново | |
Координати 41°29′48″N 21°44′48″E / 41.49667° СГШ; 21.74667° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Област | Клепа |
Население | 0[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 1414 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | |
Јасеново на општинската карта Атарот на Јасеново во рамките на општината | |
Јасеново на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во северните падини на планината Бабуна, на 2 километри источно од патот Прилеп-Велес, јужно од селото Владиловци и денес лежи во неговиот атар.
Во некогашниот атар на историското село Јасеново, работи истоимената специјална болница за белодробно заболувања и туберкулоза.
Историја
уредиВо XIX век, Јасеново било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.
Население
уредиСпоред „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година, Јасеново е посочено како село со 6 домаќинства со 25 жители Македонци.[3][4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Јасеново имало 110 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јасеново имало 88 жители.[6]
На етничката карта од 1927 година, Леонард Шулце Јена Јасеново го навел како напуштено село.[7]
Личности
уреди- Родени во Јасеното
- Никола Јасеновец — револуционерен деец, починат пред 1918 г.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 август 2018.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 180-181.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927