Крњевци

историско село во Штипско

Крњевци или Крневци — историско село во Штипско, на границата со Општина Пробиштип.

Крњевци
Крњевци во рамките на Македонија
Крњевци
Местоположба на Крњевци во Македонија
Крњевци на карта
Координати 41°52′44″N 22°8′2″E / 41.87889° СГШ; 22.13389° ИГД / 41.87889; 22.13389
Регион Источен
Општина Штип
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 427 м
Крњевци на општинската карта

Атарот на Крњевци во рамките на општината
Крњевци на Ризницата

Географија уреди

Селото било сместено на 3 км североисточно од с. Судик, во јужното подножје на планината Манговица. Денес местото се допира со атарот на Трооло, Општина Пробиштип.

Историја уреди

Во XIX век Крњевци било мало македонско село в Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Креньевци имало 54 жители, сите Македонци христијани.[2][3]

По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крњевци (Karnevtzi) имало 64 Македонци.[2][4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Крњевци (Krnevci) како село со нејасен етнички состав.[5]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927