Патрик (Штипско)
историско село во Штипско
Оваа статија се однесува на поранешно село во Штипско. За селото во Егејска Македонија, погл. Патрик (Нигритско).
Патрик — историско село во јужниот дел на денешна Општина Штип кое постоело сè до 1913 г.
Патрик | |
Координати 41°35′53″N 22°12′31″E / 41.59806° СГШ; 22.20861° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Штип |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 635 м |
Патрик на општинската карта Атарот на Патрик во рамките на општината | |
Географија
уредиПатрик се наоѓал на неколку километри јужно од с. Степанци, на билото на Конечка Планина (Серта). Денес местото се наоѓа во атарот на с. Лесковица.
Историја
уредиВо XIX век Патрик било мало село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Патрик имал 80 жители, сите Македонци христијани.[2][3]
Во 1905 г. Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) го води селото (Patrik) двапати — еднаш со 112 и еднаш со 120 жители, Македонци, христијани.[2][4]
За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото е изгорено од српската војска. Во 1988 г. е обновена црквата „Св. Илија“.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Патрик“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 134-135.
- ↑ „Осма приградска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2021-08-05. Посетено на 1 април 2014 г. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)