Џахиз и истребувачите на кучиња

Џахиз и истребувачите на кучиња — роман на македонскиот писател Пајо Авировиќ, издаден во 2005 година.

Џахиз и истребувачите на кучиња
АвторПајо Авировиќ
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
ИздавачДетска радост
Издадена
2005
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди

Романот „Џахиз и истребувачите на кучиња“ од Пајо Авировиќ во издание на „Детска радост“ е добитник на наградата на „Утрински весник“ - „Роман на годината 2005“. Писателката Оливера Николова беше претседателка на жирито. „Џахиз и истребувачите на кучиња“ е прво дело на овој автор во жанрот роман и претставува една простосрдечна и магична приказна, која водејќи го раскажувањето низ превезот на спомените од раната и од подоцнежната младост успева низ едноставната и непретенциозна постапка да зборува за апсурдноста на балканските судири и човечките несреќи исто толку колку и за меѓусебната топлина на обичните луѓе. Ова е дело што не манипулира со националното, но и не им го дава погубниот приоритет на примитивните средини. Дело што со ултрапропустливост фрла светлина колку на грдите, толку и на доблесните обележја на балканскиот менталитет - според Оливера Николова. Романот, според комисијата, очигледно е напишан радувајќи се со луѓето. Неговите хумани пораки се засновани на животната реалност и затоа изгледаат автентично и искрено. Пајо Авировиќ едноставно пленува со издржаноста на опсервирањето и со раскажувачката дарба, се наведува во образложението на одлуката на жирито, во чиј состав, покрај Николова, беа и Гане Тодоровски, Али Алиу, Лорета Ѓорѓиева-Јаковлевска и Ѕвездан Георгиевски. За наградата на „Утрински весник“ - „Роман на годината 2005“ конкурираа 39 романи. Во најтесниот круг на изборот влегоа романите „Мирисите на доилката“ од Божин Павловски, „Ервехе“ од Луан Старова и наградениот роман „Џахиз и истребувачите на кучиња“ од Пајо Авировиќ. Добитникот на наградата Пајо Авировиќ изјави дека книгата е резултат на неговиот внатрешен порив, дека претставува едно патување во непознатото без да се знае зошто. .[1]

Наводи

уреди
  1. „На Time.mk“. Архивирано од изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2020-06-25. Посетено на 2023-03-13.

Предлошка:Пајо Авировиќ