Пазар (град)
Пазар или Ениџе Вардар (грчки: Γιαννιτσά, Јаница; турски: Yenice Vardar) — град во средишниот дел на Егејска Македонија, во западниот дел на Солунското Поле, западно од реката Вардар. Претставува седиште на општината Постол во Постолскиот округ во областа Централна Македонија. Градот се наоѓа северозападно од Солун, на патот помеѓу Солун и Воден. Населението брои 29.789 жители (2011).
Пазар Γιαννιτσά | |
---|---|
![]() Парк-плоштадот „Гоно Јотов“ | |
Местоположба во областа Dimos Giannitson.png | |
Координати: 40°47′N 22°24′E / 40.783° СГШ; 22.400° ИГДКоординати: 40°47′N 22°24′E / 40.783° СГШ; 22.400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Надм. вис. | 42 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 33.775 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 581 00 |
Повик. бр. | 23820-2 |
Рег. таб. | EE |
Мреж. место | giannitsa.gr/ |
ГеографијаУреди
Градот е сместен на северозападниот крај на Солунското Поле, наречено Пазарско Пооле, создадено со пресушувањето на Ениџевардарското Езеро (Пазарско Езеро или Ѓолот), во јужното подножје на планината Пајак.
ДемографијаУреди
Во XVII век било забележено дека во Ениџе Вардар мнозинството биле Македонци, а имало и голем број Турци.[2] Во 1903 година, во градот Пазар биле забележани 9.599 жители, во најголемото мнозинство Македонци и Турци и помал број на Грци, Власи и Роми. По поделбата на Македонија од 1913 па сѐ до 1922, од градот и целата негова околина биле целосно насилно иселени Македонците и Турците, а на нивно место биле доселени Грци од Мала Азија. Денес градот брои 33.775 жители, во најголемо мнозинство Грци. Не е познат податок дали во градот сѐ уште живеат Македонци. Поради самата местоположба во плодната алувијална рамнина на Солунското Поле, главна стопанска гранка на градот и околината е земјоделството, посебно житните култури. Исто така застапени се индустријата и малостопанството.
Во средината на XIX век Јохан фон Хан напишал:
Бргу пристигнавме во гратчено Вардар Јениџе. Таму се живо беше раздвижено, затоа што сите беа во подготвување за панаѓурот, кој се одржува секоја година и трае осум дена...
Турскиот град во внатрешноста е следбеник на нему блискиот старомакедонски главен град и од него тој ја наследил градската сила и годишниот панаѓур. Со тоа Јениџе не е ништо друго, туку поместена Пела[3]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви
- „Св. Петка“ од XV век
- „Успение на Пресвета Богородица“ од 1860 г.
- „Св. Петар и Павле“ — католичка црква од 1862 г.
- „Св. Константин и Елена“ од 1908/1953 г.
- „Св. Ѓорѓи“ од 1948 – 1957 г.
- „Св. Петар и Павле“ од 1962 - 1972 г.
- „Св. Катерина“ од 1972 г.
ГалеријаУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ 1798, год., Конгресна библиотека во Вашингтон, Оддел за ретки книги сигнатура Г 160. Л 317, 1816 г. цит. според Александар Матковски, цит. дело
- ↑ "Reise von Belgrad nach Salonika", J.G.V. Hahn, Wien, 1868, стр. 200.