Каламарија
Каламарија (грчки: Καλαμαριά) — предградие на Солун, Егејска Македонија, 5 км југоисточно од центарот на градот. Претставува самостојна општина во Солунскиот округ и во 2011 г. броела 91.279 жители.
Каламарија Καλαμαριά | |
---|---|
![]() Каламарија од воздух | |
Координати: 40°35′N 22°57′E / 40.583° СГШ; 22.950° ИГДКоординати: 40°35′N 22°57′E / 40.583° СГШ; 22.950° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Управа | |
• Градоначалник | Теодосиос Бакоглидис |
Површина | |
• Општина | 6,40 км2 (250 ми2) |
Најг. вис. | 35 м |
Најм. вис. | 0 м |
Население (2021) | |
• Општ. | 92.238 |
• Општ. густина | 140/км2 (370/ми2) |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 551 xx |
Повик. бр. | +30231 |
Рег. таб. | N |
Мреж. место | kalamaria.gr |
ГеографијаУреди
Местото е сместено на брегот на Солунскиот Залив и на него има брег од 6,5 км.
ИсторијаУреди
Подрачјето околу Каламарија е населено уште од праисторијата. Во близината е откриена древна наелба и голем број наоди.
Името Каламарија првпат се среќава во 1083 г. и ја означува областа југоисточно од Солун. Во византиско и турско време месноста била слабо населена. Низ вековите, месноста била и останала чисто македонска. Во XIX век ја опслужувала црквата „Св. Кирил и Методиј“.
Современа КаламаријаУреди
Современото населено место е основано во 20-те години на XX век од грчки доселеници од Грузија и Мала Азија, изгонети во Грчко-турската војна од 1922 г. Во околината на Солун се населени околу 100.000 доселеници.
Од основањето до денес, Каламарија бележи постојан развој 1981 до 2001 г. населението нараснало на 36.000 или за цели 69%. Сè до 1943 г. местото припаѓало на Општина Солун, а потоа добило статус на своја административна единица со површина од 7.200 акри.
Природното окружување на Каламарија и одличното урбанистичка решеност непрестајно привлекуваат нови жители. Животниот стандард е висок во споредба со останатите градови во Грција, и има добро развиена туристичка дејност.
Збратимени градовиУреди
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
„Каламарија“ на Ризницата ? |
- Портал на Општина Каламарија (грчки) (англиски)
- Културен портал на Каламарија Архивирано на 6 август 2013 г. (грчки)