Воден (општина)

Општина Воден
Δήμος Έδεσσας
Dimos Edessas - Central Macedonia.svg
Општина Воден на картата на областа Централна Македонија
Етничка карта на Општина Воден.png
Етничка карта на општината Воден
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Постол
Гео. област:
Население: 28.254 (2021)
Седиште: Воден
Нас. места: 31
Пошт. бр.: 582 00
Пов. бр.: 23810-2
Портал: edessa.gr

Воден (грчки: Δήμος Έδεσσας, Димос Едесас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Воден.

Населени местаУреди

Општината Воден е создадена на 1 јануари 2011 г., со спојување на две општини: Воден и Островско Езеро, согласно законот „Каликратис“.[1]

Општинска единица ВоденУреди

 
Поранешната општина Воден на картата на некогашниот округ Постол.

Општинската единица Воден и ги опфаќа следниве општински единици и населени места:

  • Општински оддел Воден
  • Општински оддел Владово
  • Општински оддел Гугово
  • Општински оддел Јаворјани
  • Општински оддел Луковец
  • Општински оддел Месимер
  • Општински оддел Нисија
  • Општински оддел Оризари
  • Општински оддел Под
  • село Под (Φλαμουριά, Фламурија)
  • село Ошљани (Αγία Φωτεινή, Агија Фотини)
  • Општински оддел Теово

На територијата на општинскиот оддел се наоѓа и запустеното село Патичино (Патима).

Општинска единица Островско ЕзероУреди

 
Поранешната општина Островско Езеро на картата на некогашниот округ Постол.

Општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово (Арниса) ги опфаќа следниве општински единици и населени места:

  • Општински оддел Острово
  • Општински оддел Граматиково
  • Општински оддел Кочана
  • Општински оддел Ослој
  • село Ослово (или Ослој, Παναγίτσα, Панагица)
  • село Жерви (Жерве, Ζέρβη, Зерви)
  • Општински оддел Чеган
  • село Чеган (Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос)
  • село Нов Чеган (Νέος Άγιος Αθανάσιος, Неос Агиос Атанасиос)

На територијата на општинската единица се наоѓале и историските села Бегна (Агиос Спиридонас), Патичино (Патима) и Лагот (Лонгос).

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.

Надворешни врскиУреди