Седес (општина)

општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија
Општина Седеш
Δήμος Θέρμης

Карта на општина Седеш
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Солун
Гео. област: Халкидик
Население: 43.796 (2021)
Седиште: Седес
Нас. места: 16
Пошт. бр.: 570 01
Пов. бр.: 2310-41
Портал: dimosthermis.gr

Седеш (грчки: Δήμος Θέρμης, Димос Термис) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е градот Седес. Општината опфаќа 16 населени места во северозападниот дел на полуостровот Халкидик.

Населени места

уреди

Општината Седес е создадена на 1 јануари 2011 со обединување на општините Седес (Терми), Микра и Царево Село (Василика) по законот „Каликратис“.[1]

Општинска единица Микра

уреди
 
Поранешната општина Микра на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Микра со седиште во Замбат ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Адали
  • село Адали (Κάτω Σχολάρι, Като Схолари)
  • Општински оддел Замбат
  • Општински оддел Караџоханли
  • Општински оддел Узун Али

Општинска единица Седес

уреди
 
Поранешната општина Седес на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Седес ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Седес
  • Општински оддел Загрџа
  • град Загрџа или Загарџа (Ταγαράδες, Тагарадес)
  • Општински оддел Маџарлак
  • село Маџарлак (Νέα Ραιδεστός, Неја Редестос)
  • Општински оддел Прнар
  • село Прнар (Νέο Ρύσιο, Нео Рисио)

Општинска единица Царево Село

уреди
 
Поранешната општина Царево Село на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Царево Село со седиште во Царево Село ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Царево Село
  • Општински оддел Доганџи
  • село Доганџи или Ќучукли (Άγιος Αντώνιος, Агиос Андониос)
  • село Чели (Μονοπήγαδο, Монопигадо)
  • Општински оддел Ливади
  • Општински оддел Ново Село
  • село Ново Село (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви)
  • Општински оддел Перистера
  • Општински оддел Сурокли

Поранешни села

уреди

На територијата на општината се наоѓало и некогашното село Гедикли (Κάτω Περιστερά, Като Перистера).

Наводи

уреди
  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски

уреди