Либаново
Либаново или Лубаново (грчки: Αιγίνιο, Егинио; до 1926 г. Λιμπάνοβο, Либаново[2]) — гратче во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.153 жители (2011). Сè до 1920-тите Либаново било претежно македонско, а денес е мешано, но со грчко мнозинство.
Либаново Αιγίνιο | |
---|---|
Поглед на Либаново | |
Координати: 40°30.8′N 22°32.32′E / 40.5133° СГШ; 22.53867° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Пидна-Колиндар |
Општ. единица | Либаново |
Површина | |
• Вкупна | 64 км2 (25 ми2) |
Надм. вис. | 30 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 3.683 |
• Густина | 58/км2 (150/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 603 00 |
Повик. бр. | 23530 |
Рег. таб. | KN |
Географија
уредиГратчето се наоѓа 40 км источно од Бер, 36 км југозападно од Солун и уште толку северно од Катерина.[3]
Историја
уредиЦрквата „Св. Петар и Павле“ од XIV век[4] и црквата „Св. Атанасиј“ од 1600 г. се прогласени за споменици на културата.[4]
Патувајќи низ овој крај, во 1895 г. Густав Вајганд забележал дека во Либаново се зборувало македонски,[3] но дека имало и Турци. За ова говори и фактот што лазарополскиот големец и добротвор Ѓурчин Кокалески (1775-1863) на муслиманските либановци им изградил џамија.[5] На етничката карта на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Либаново е означено како македонско село, иако не е даден бројот на жители.[6][7] Селото, како и неколку околни, било македонско иако се наоѓа јужно од реката Бистрица, што по правило треба да е веќе грчки крај.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. Либаново е припоено кон Грција, кога имало 463 жители. На пописот од 1920 г. се заведени дури 852 жители.[3] Во периодот по 1922-23 г. грчките власи во селото населиле вкупно 417 грчки семејства дојдени од Источна Тракија и Бугарија. Меѓу нив, бугарските Грци Кариоти биле дојдени од Кавакли (Тополовград) во Хасковско и Акбунар (Бел Кладенец) во Сливенско.[8]
Во 1926 г. Либаново е преименувано во Егинио. Во 1928 г. е забележано дека, со доселувањата, за кратко време населението речиси тројно се зголемило, достигнувајќи 2.556 жители,[3] од кои 1.810 (околу две третини) биле грчки дојденци.[9]
Во следните десетлетија населението продолжило да расте. Така, во 1940 г. во Либаново се попишани 3.683 жители. Во следните години населбата нараснала уште повеќе, па во 1946 г. е прогласена за градска.[3] Гратчето броело 4.074 во 1951 и 4.271 во 1961 г. Во 1971 г. населението достигнало 4.469 жители, па почнало малку да се смалува, со 4.436 во 1981 и 4.289 во 1991 г.[3]
Денес, Либаново е трето населено место по големина во катеринскиот крај (округот Пиерија), по самиот градот Катерина и гратчето Литохоро.[3] На пописот од 2001 г. во Либаново се заведени 4.280 лица, смалувајќи се на 4.153 жители во 2011 г.
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Харамилакас[10] | Χαραμίλακκας | Капнотопос | Καπνότοπος[11] | возвишение на Ј од Либаново и на С од Долно Хани (120 м)[10] |
Топоница[10] или Топиница | Τοπίνιτσα | Крионери | Κρυονέρι[11] | река на И од Либаново[10] |
Бара[10] | Μπάρα | Лимнула | Λιμνούλα[11] | блато на ЈИ од Либаново[10] |
Богаз[10] | Μπουγάζι | Лемос | Λαιμός[11] | блато во делтата на Бистрица на И од Либаново[10] |
Дамари[10] | Νταμάρια | Аналипсис | Άνάληψις[11] | возвишение на СЗ од Либаново и на З од Милово[10] |
Неруја[10] | Νερούγια | Неротопос | Νερότοπος[11] | месност на СИ од Либаново[10] |
Ќошета[10] | Κιοσές | Делта | Δέλτα[11] | месност во делтата на Бистрица на И од Либаново[10] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 3.683 | 4.074 | 4.271 | 4.469 | 4.436 | 4.289 | 4.280 | 4.153 | 3.683 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиЛибаново важи за мошне богато место. Покрај разните градски дејности, населението се занимава со земјоделство и лозарство. Подрачјето му опфаќа 64 км2.[3]
Надворешни врски
уреди„Либаново“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιμπάνοβο -- Αιγίνιον
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 276–277.
- ↑ 4,0 4,1 „ΥΑ 4701/3-3-1967 - ΦΕΚ 183/Β/16-3-1967“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-11-28. Посетено на 26 октомври 2014.
- ↑ „„Наказанието" на Ѓурчин Кокалески“. Македонска нација. Посетено на 11 септември 2019.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902.
- ↑ „Αιγίνιο: τόπος προικισμένος από τους Θεούς“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2019-11-09.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1073. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)