Делта (општина)

општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија
Општина Делта
Δήμος Δέλτα

Карта на општината Делта
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Солун
Гео. област: Вардарија
Население: 41.685 (2021)
Седиште: Текелиево
Нас. места: 9
Пошт. бр.: 570 08
Пов. бр.: 2310-78
Портал: dimosdelta.gr/

Делта (грчки: Δήμος Δέλτα, Димос Делта) — општина во рамките на Солунскиот округ во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е гратчето Текелиево (Синдос). Општината опфаќа 9 населени места во областа Вардарија, а наречена е по делтата на Вардар, каде реката се влева во Солунскиот Залив.

Населени места

уреди

Општината Делта е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Ехедор (Ехедорос), Вардар (Аксиос) и Кулакија (Халастра). „Ехедор“ е древно име на реката Галик, која ја дели истата делта.

Општинска единица Вардар

уреди
 
Поранешната општина Вардар на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Вардар со седиште во Јунчии (Кимина) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Јунчии
  • село Јунчии (или Јунџулар; Κύμινα, Кимина)
  • Општински оддел Кангалич
  • село Кангалич (или К’нглич, Кајали; Βραχιά, Врахија)
  • Општински оддел Нов Малгад
  • село Нов Малград (Νέα Μάλγαρα, Неја Малгара) новосоздадено

Општинска единица Ехедор

уреди
 
Поранешната општина Ехедор на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Ехедор опфаќа четири населени места во областа Вардарија по долното течение на реката Галик, и го носи нејзиното древно име „Ехедор“. Административен центар е градот Текелиево (Синдос). Општинската единица Ехедор ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Текелиево
  • Општински оддел Арапово
  • село Арапово или Арапли (Νέα Μαγνησία, Неја Магнизија)
  • Општински оддел Гаскарка
  • Општински оддел Дудулари
  • село Додулари (Додулар, Дудулари; Διαβατά, Дијавата)

Општинска единица Кулакија

уреди
 
Поранешната општина Кулакија на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Кулакија со седиште во истоименото гратче Кулакија (Халастра) и, освен него, го опфаќа и селото Коњари (Анатолико или Валмада).

  • Општински оддел Кулакија
  • град Кулакија (или Кулаќа; Χαλάστρα, Халастра)
  • Општински оддел Коњари
  • село Коњари (или Коњаре; Ανατολικό, Анатолико, порано и Валмада)

На територијата на општинската единица се наоѓале и некогашните села Долно Каваклиево и Чаликово.

Поранешни села

уреди

Покрај поранешното село Чаликово, на територијата на општината се наоѓале и некогашните села Колопанци, Лапра и Махмудово.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски

уреди