Неаполи-Сикјес
Општина Неаполи-Сикјес Δήμος Νεάπολης - Συκεών | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | |
Население: | 70.768 (2021) |
Седиште: | Сикјес |
Нас. места: | 4 |
Пошт. бр.: | 566 |
Пов. бр.: | 2310-20 до 29 и 60 до 69 |
Портал: | dimosneapolis-sykeon.gr |
Неаполи-Сикјес (грчки: Δήμος Νεάπολης - Συκεών, Димос Неаполис-Сикион) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Опфаќа четири населби во Солун, а административен центар е Сикјес.
Сите места во општината, освен Јуренџик, се создадени во XX век од грчки дојденци од Мала Азија.
Населени места
уредиОпштината Неаполи-Сикјес е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Сикјес, Неаполи, Свети Павле и Јуренџик по законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Јуренџик
уредиОпштинската единица Јуренџик опфаќа само едно населено место — солунската населба Јуренџик (Πεύκα, Певка).
Општинска единица Неаполи
уредиОпштинската единица Неаполи опфаќа само едно населено место — солунската населба Неаполи (Νεάπολη).
Општинска единица Свети Павле
уредиОпштинската единица Свети Павле опфаќа само едно населено место — солунската населба Свети Павле (Άγιος Παύλος, Агиос Павлос).
Општинска единица Сикјес
уредиОпштинската единица Сикјес опфаќа само едно населено место — солунската населба Сикјес (Συκιές, Сикјес).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.