Павлос Мелас (општина)
Општина Солунски Залив Δήμος Παύλου Μελά | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | |
Население: | 72 005 (2001) |
Седиште: | Ставруполи |
Нас. места: | 3 |
Пошт. бр.: | 564 |
Пов. бр.: | 2310-60 до 69 |
Портал: | pavlosmelas.gr |
Павлос Мелас (грчки: Δήμος Παύλου Μελά, Димос Павлу Мела) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Опфаќа три населби во Солун, а административен центар е Ставруполи, создадено во XX век од грчки бегалци од Мала Азија.
Населени местаУреди
Општината Павлос Мелас е создадена на 1 јануари 2011 со обединување на општините Ставруполи, Лембет и Кара Усеин по законот „Каликратис“.[1]
Наречена е по офицерот Павлос Мелас (1870-1904) — деец грчката вооружена пропаганда во Македонија (т.н. „Борба за Македонија“), познат по неговите потфати за истребување на Македонците и македонштината, кој важи за голем национален херој во Грција.
Општинска единица ЛембетУреди
Според пописот од 2001 г., општината Лембет (Δήμος Ευκαρπίας) имала 6 598 жители и опфаќала само едно населено место — солунската населба Лембет (Ευκαρπία, Евкарпија).
Општинска единица Кара УсеинУреди
Според пописот од 2001 г., општината Кара Усеин (Δήμος Πολίχνης) имала 36 146 жители и опфаќала само едно населено место — солунската населба Кара Усеин (Πολίχνη, Полихини).
Поранешна општина СтавруполиУреди
Според пописот од 2001 г., општината Ставруполи (Δήμος Σταυρουπόλεως) имала 41 653 жители и опфаќала само едно населено место — солунската населба Ставруполи (Σταυρούπολη). новосоздадено
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.