Нов Арманќој-Корделио
Нов Арманќој-Корделио (грчки: Ελευθέριο-Κορδελιό, Елевтерио-Корделио, до 1952 г. Χαρμάνκιοϊ, Харманќој,[2] до 1984 г. Ελευθέριο, Елевтерио) — предградие на Солун, Егејска Македонија, дел од општината ем Корделио-Арманќој. Населението брои 26.131 жители (2021).
Нов Арманќој-Корделио Ελευθέριο-Κορδελιό | |
---|---|
Координати: 40°39.50′N 22°53.49′E / 40.65833° СГШ; 22.89150° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Корделио-Арманќој |
Надм. вис. | 4 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 26.131 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиОпштината се наоѓа во североисточниот дел на Солун.
Историја
уредиВо 1924 г. на подрачјето јужно од Арманќој се доселиле малоазиски Грци. Новата населба е наречена Нов или Долен Арманќој (Нео или Като Харманќој), а подоцна во 1952 г. е преименувано во Елевтерио.[3] Во исто време, на запад дојденци од Корделио (денс Каршијака) во Турција ја основале населбата Ново Корделио (Нео Корделио). Според пописот од 1928 г. Ново Корделио било дојденско село со 114 семејства од вкупно 465 жители.[4] Во 1927 - 1928 г. на подрачјето се доселени Грци од градот Василико (Царево) во Бугарија. Во 1960-тите во околината дошле Каракачани, а во 1980-тите и Грци од СССР.
Во 1984 г. Ново Корделио е припоено кон Нов Арманќој (Елевтерио), сочинивајќи го Нов Арманќој-Корделио.[5] Од 1 јануари 2011 г. општината Елевтерио-Корделио е обединета со општината Арманќој (Евосмос) во општината Корделио-Арманќој по законот „Каликратис“.[6]
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1980 г.
- Железнички музеј
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Χατζηκυριακίδης, Κυριάκος Στ. (2008). „(Παλαιό) Χαρμάνκιοϊ. Ιστορία, δημογραφία (τέλη 18ου αι. – αρχές δεκαετίας 1930)“. Μακεδονικά. 37: σελ. 173. Посетено на 2018-06-08.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Занемарен непознатиот параметар
|acces-date=
(help) - ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.