Касандра (општина)
Општина Касандра Δήμος Κασσάνδρας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Халкидик |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 16 153 (2001) |
Седиште: | Валта |
Нас. места: | 36 |
Пошт. бр.: | 630 77 |
Пов. бр.: | 2399 |
Портал: | kassandra.gr |
Касандра (грчки: Δήμος Κασσάνδρας, Димос Касандрас) — општина во Халкидичкиот округ, Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е Валта (Касандрија). Сместена е на истоимениот полуостров, наречен и Палене.
Треба да се напомене дека постојат повеќе села што традиционално се сметаат за касандриски бидејќи принадлежеле на Касандриската епархија, но денес важат за солунски, бидејќи се значително поблиску до Солун, отколку до полуостровот. Најголемиот дел од местата во општината не се села во традиционална смисла, туку туристички места создадени во XX век.
Населени местаУреди
Општината е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Касандра и Палини по законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица КасандраУреди
Според пописот од 2001 г., општината Касандра има 10 269 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Валта (3166 жители)
- Општински оддел Атито
- село Атито (Άφυτος, Афитос) (1231 жител)
- Општински оддел Каландра (750 жители)
- село Каландра (Καλάνδρα) (665 жители)
- село Буламација (Μπουλαμάτσια) (9 жители) новос. турист.
- село Посиди (Ποσείδι) (76 жители) новос. турист.
- Општински оддел Метох Свети Павле (2061 жител)
- село Метох Свети Павле (Νέα Φώκαια, Неја Фокеја) (1721 жител) новосоздадено
- село Пиргос Сани (Πύργος Σανή) (27 жители) новос. турист.
- Каракалски затвор (Φυλακές Καρακάλλου) (12 жители)
- Касандриски затвор (Φυλακές Κασσάνδρας) (301 жител)
- Општински оддел Руски Метох (797 жители)
- село Руски Метох (Καλλιθέα, Калитеја) (779 жители) новосоздадено
- село Солина (Σωλήνα) (18 жители) новос. турист.
- Општински оддел Касандрино (467 жители)
- село Касандрино (Κασσανδρηνό) (296 жители)
- село Калуцикос (Καλούτσικος) (37 жители) новос. турист.
- село Касандрински Колиби (Μόλες Καλύβες, Молес Каливес) (134 жители) новос. турист.
- Општински оддел Пазаракија (594 жители)
- село Пазаракија (Κρυοπηγή, Криопиги) (518 жители)
- село Евдос (Εύδος) (24 жители) новос. турист.
- хотел Касандра Палас (Κασσάνδρα Παλλάς) (22 жители) новос. турист.
- село Левки Перистера (Λευκή Περιστέρα) (30 жители) новос. турист.
- Општински оддел Фурка (1203 жители)
- село Фурка (Φούρκα) (530 жители)
- село Фуркански Пристан (Σκάλα Φούρκας, Скала Фуркас) (673 жители) новос. турист.
Општинска единица ПалиниУреди
Според пописот од 2001 г., општината Палини (Δήμος Παλλήνης) со седиште во Ханиоти има 5 884 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ханиоти
- село Ханиоти (Χανιώτης, Ханиоти) (968 жители)
- Општински оддел Капсохор (1668 жители)
- Општински оддел Паљури (826 жители)
- село Паљури (Παλιούρι, Палиури) (788 жители)
- село Ксина (Ξυνά) (17 жители) новос. турист.
- село Свети Никола (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) (21 жител) новос. турист.
- Општински оддел Полихрон
- село Полихрон (Πολύχρονο, Полихроно) (1063 жители)
- Општински оддел Света Петка (449 жители)
- село Света Петка (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) (361 жител)
- село Лутра (Λουτρά) (88 жители) новос. турист.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.