Вртикоп
Вртикоп или Вртокоп (грчки: Σκύδρα, Скидра; до 1926 г. Βέρτεκοπ, Вертекоп[2]) — град во Воденско, Егејска Македонија. Градот претставува административно седиште на денешната истоимена општина, во Централна Македонија, Грција.
Вртикоп Σκύδρα | |
---|---|
Црквата „Св. Стефан“ | |
Координати: 40°46′N 22°10′E / 40.767° СГШ; 22.167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Вртикоп |
Општ. единица | Вртикоп |
Надм. вис. | 50 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 5.406 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 585 00 |
Повик. бр. | 23810-8 |
Рег. таб. | ΕΕ |
Мреж. место | skydra.gr |
Градот претставува административен и економски центар за околните села. Воедно е голем сообраќаен јазол, каде што се вкрстуваат патиштата кои од Солун и Пазар водат за Воден, С’ботско, Негуш и Бер. Низ него поминува и железничката линија Солун-Воден-Битола, на која има железничка станица.[3]
Географија и местоположба
уредиГрадот е оддалечен 96 километри од Солун по железничка линија, а по главниот пат околу 75 километри. Сместен е сред самото воденско-пазарско поле, на надморска височина од 50 метри.[3] Вкупната површина на атарот изнесува 10 квадратни километри.
Историја
уредиПодрачјето на Вртикоп е населено уште од најстари времиња, за што сведочи праисториската могила во месноста Стара Црква (Палиоеклисија) веднаш југозападно од градот.[4]
Сè до 1913 година бил населен исклучително со Македонци.[3]
Доселувањата на бегалци започнале веднаш по Балканските војни и во текот на Првата светска војна, кога во тогашното село биле сместени повеќе грчки доселенички семејства, во прв ред од Источна Тракија и од Кавказ. Овие бегалци го напуштиле селото, но во согласност со потпишаниот Лозански договор, во селото биле населени бегалци од просторите на Мала Азија и Понд.[3]
Во 1926 година, селото било преименувано во Скидра (Σκύδρα).[2]
Во 1928 година, Вртикоп било претставено како мешана населба со 72 грчки доселенички семејства со вкупно 286 жители.[5]
Стопанство
уредиОд некогашно мало и незначајно село, Вртикоп денес е важен комуникациски и стопански центар на околу 20 околни села, кои порано гравитирале кон Воден, Негуш, Бер и Пазар. Преку железничката станица во градот, се товарат милиони килограми пченица, овошје (праски, јаболка, круши), памук и други производи од вонредно богатите села што гравитираат околу Вртикоп.[3]
Во градот има и фабрика за прскалки, како и голем ладилник за складирање овошје. Брзиот развој на Вртикоп е резултат на вонредно големото производство на овошје кое се развило особено по Втората светска војна и го претворило полето во голема цветна градина. Благодарение на современите агротехнички мерки и современите канали за наводнување, преку кои се наводнува речиси целото поле, се зголемија приносите и од другите култури кои се одгледуваат тука, посебно памукот и пченицата.[3]
Земјоделството е развиено и во самиот град, па така неговото население главно произведува овошје (над 10 милиони килограми праски и исто толку јаболка), памук, пченица, детелина и други земјоделски производи.[3]
Денес, во градот постојат бројни трговски и занаетчиски дуќани, административни институции и други установи.[3]
Население
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вртокоп (Vartokop) е село во Воденската каза со 44 домаќинства и 196 жители.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 Вртокоп имало 300 жители Македонци.[3][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вртокоп (Vartokop) имало 160 Македонци.[8]
Во пописот од 1913 година, тогашното село забележано со 171 жител. Непосредно по Балканските војни и во текот на Првата светска војна, тука биле сместени повеќе грчки доселенички семејства, во прв ред од Источна Тракија и од Кавказ. Поради тоа, Вртикоп во 1920 година бил запишан со зголемен број на жители - 809. По 1924 година, тука биле населени и други грчки доселенички семејства, од кои 267 дојдени во согласност со Лозанскиот договор, но во меѓувреме бројни грчки доселенички семејства кои тука биле сместени отпорано биле иселени, поради што во пописот од 1928 година, броело речиси колку и во 1920 година, односно 833 жители. Поради местоположбата постепено се населувале и други грчки доселенички семејства, особено по исушувањето на Ениџевардарското Блато и по извршените мелиорации на ова подрачје, така што во 1940 година Вртикоп пораснало на 1.645 жители, односно двојно се зголемило. Од овој број, околу 300 жители биле Македонци, а останатите бегалци од Мала Азија, Понд, Источна Тракија и од други места, а имало и неколку семејства Власи. Поради натамошната концентрација на жители од околните села во текот на Граѓанската војна, бројот на населението на Вртикоп во 1951 година пораснал на 2.020, за во 1961 година да се искачи на 3.172 жители. Во 1971 година биле попишани 3.970, во 1981 година 4.319, а во 1991 година 4.562 жители, со тенденција на натамошен раст.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 5.081 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 5.406 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.645 | 2.020 | 3.172 | 3.970 | 4.319 | 4.562 | 5.081 | 5.406 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиГрадот припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина истоимена општина, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Вртикоп, во кој е единствено место.
Личности
уреди- Родени во Вртикоп
- Христодулос Димбарис — грчки андартски деец
Култура и спорт
уредиВо градот се наоѓаат два фудбалски клуба:
- ФК Аетос Скидра, иград во втората фудбалска лига
- Неа Генија Скидрас, игра во петтата лига (аматерска лига)
Покрај фудбалски клубови, во Вртикоп постои и одбојкарска екипа, ОК Аристотелис Скидрас, кој неодамна влегол во одбојкарската лига А2 на Грција.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βέρτεκοπ -- Σκύδρα
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 46–47.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΕ/Α/Φ31/5939/405 π.ε./5-5-1976 - ΦΕΚ 685/Β/24-5-1976“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-05-14. Посетено на 22 јуни 2018.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158-159.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 149.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
Надворешни врски
уреди„Вртикоп“ на Ризницата ? |
- Официјална страница на општината (грчки)