Аристотел (општина)
Општина Аристотел Δήμος Αριστοτέλη | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Халкидик |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 18 861 (2001) |
Седиште: | Ерисово |
Нас. места: | 32 |
Пошт. бр.: | 630 72 |
Пов. бр.: | 2377 |
Портал: | dimosaristoteli.gr |
Аристотел (грчки: Δήμος Αριστοτέλη, Димос Аристотели) — општина на полуостровот Халкидик во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е гратчето Ерисово (Јерисос). Општината е наречена по големиот филозоф Аристотел, кој е роден во ова подрачје. Територијата на општината во најголема мера се совпаѓа со она што традиционално се нарекува Лариговско (или Лериговско).
Населени местаУреди
Општината Аристотел е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“.[1] со спојување на три стари општини: Леригово (Арнеја), Ревеник (Панагија) и Стагира-Акант. Денешната општинска единица Стагира-Акант е наречена по два древномакедонски града, од кои првиот е родно место на филозофот Аристотел.
Општинска единица ЛериговоУреди
Според пописот од 2001 г., општината Леригово (гр. Арнеја, Δήμος Αρναίας) со седиште во Леригово (Арнеја) има 6 183 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Леригово
- село Леригово (Αρναία, Арнеја) (2 253 жители)
- Општински оддел Варвара (712 жители)
- село Варвара (Βαρβάρα) (613 жители)
- село Варварски Колиби (Καλύβια Βαρβάρας, Каливија Варварас) (63 жители)
- остров Кавканас (Καυκανάς) (0 жители)
- село Златен Брег (Χρυσή Ακτή, Хриси Акти) (46 жители) новосоздадено
- Општински оддел Ново Село
- село Ново Село (Νεοχώρι, Неохори) (852 жители)
- Општински оддел Паљухор
- село Паљухор (Παλαιοχώρι, Палеохори) (1507 жители)
- Општински оддел Стано
- село Стано (Στανός, Станос) (859 жители)
Општинска единица РевеникУреди
Според пописот од 2001 г., општината Ревеник (гр. Панагија, Δήμος Παναγίας) со седиште во Ревеник (Мегали Панагија) има 3 897 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ревеник
- село Ревеник (Μεγάλη Παναγία, Мегали Панагија) (2 727 жители)
- Општински оддел Гомати (637 жители)
- Општински оддел Пиргадкија (533 жители)
- село Пиргадикија (Πυργαδίκια) (331 жител) новосоздадено
- село Свети Јован Претеча (Άγιος Ιωάννης Πρόδρομος, Агиос Јоанис Продромос) (159 жители) новосоздадено
- село Аса (Άσσα) (43 жители) новосоздадено
Општинска единица Стагира-АкантУреди
Според пописот од 2001 г., општината Стагира-Акант (гр. Стагира-Акантос; Δήμος Σταγείρων-Ακάνθου) со седиште во Ерисово (Јерисос) има 8 781 жител и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ерисово (3118 жители)
- град Ерисово (или Ерисо; Ιερισσός, Јерисос) (3046 жители)
- село Гаврадија (Γαβράδια) (46 жители) новосоздадено
- село Кумица (Κουμίτσα) (0 жители)
- село Лимани (Λιμάνι) (7 жители)
- село Ксиропотамо (Ξηροπόταμο) (29 жители) новосоздадено
- Општински оддел Амолјани (564 жители)
- остров Амолјани (Αμμουλιανή, Амулјани) (542 жители)
- острови Магарешки Острови (Δρένια, Дренија) (0 жители)
- село Лимани (Λιμάνι) (5 жители) новосоздадено
- село Трипити (Τρυπητή) (17 жители) новосоздадено
- Општински оддел Провлака (1156 жители)
- село Провлака (Νέα Ρόδα, Неја Рода)[2] (1148 жители) новосоздадено
- манастир Свети Павле (Μετόχι Αγίου Παύλου, Методхи Агиу Павлу) (8 жители)
- село Скала (Σκάλα) (0 жители)
- Општински оддел Олимпијада
- село Олимпијада (Ολυμπιάδα) (649 жители) новосоздадено
- Општински оддел Стагира
- село Казанџи Маало (Στάγιρα, Стагира) (372 жители)
- Општински оддел Стратони
- село Стратони (Στρατώνι) (1174 жители) новосоздадено
- Општински оддел Стратоники
- Општински оддел Урануполи
- село Урануполи (Ουρανούπολη) (960 жители) новосоздадено
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
- ↑ Новоосновано село од грчки доселеници од Турција во 1923 г. на подрачјето на тогашната месност Провлака.