Постол (округ)

округ во Егејска Македонија

Постол или Пела (грчки: Περιφερειακή ενότητα Πέλλας) — округ во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Наречена е по градот Постол, кој на грчки го носи името на стариот град Пела — престолнината на Древна Македонија и родно место на Александар Македонски.[1], согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Главен град на округот е Воден, со население од 19.036 жители (2011), а најголем град и стопански центар е Пазар (Ениџе Бардар) со население од 29.789 жители. Други поважни места се гратчињата Пласничево, С’ботско и Вртикоп.

Постол
Περιφερειακή ενότητα Πέλλας
Округ
Општини во округот Постол
Општини во округот Постол
Постол во рамките на Грција
Постол во рамките на Грција
Координати: 40°55′N 22°05′E / 40.917° СГШ; 22.083° ИГД / 40.917; 22.083
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
Главен градВоден
Управа
 • УправникТеодорос Теодоридис
Површина
 • Вкупна2.506 км2 (968 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно145.797
 • Густина58/км2 (150/ми2)
Пошт. бр.58x xx
Повик. бр.238x0
ISO 3166GR-59
Рег. таб.ΕΕ
Мреж. местоpella.gr

Во овој округ живеат голем број Македонци, особено во Воденско и Мегленско.

Опис

уреди
Статуа на Александар Македонски во Постол.
Саат-кула во Пазар.

Округот зафаќа површина од 2.506 км2, од кој голем дел е под обработливо земјиште, шуми и пасишта. Околни планини се Ниџе (2.524 м), Каракамен (2.027 м), mount Пајак (1.458 м), Кожуф (2.182 м) и Пиново (2.154 м). Најголеми рамници се оние на Пожарско на север и големата рамница на Пазар во југоисточниот дел од округот. Од особен интерес се природната средина и екосистемите како оние на Островското Езеро и реките Колудеј, Вода). Округот е богат со надземни и подземни води и има археолошки наоѓалишта од големо значење кои привлекуваат многу посетители.

Општини

уреди

Според законот „Каликратис“ од 2011 г., округот се дели на четири општини. Истата година, утврдено е дека вкупното население брои 139.680 жители.[2] Општините (бројчено означени на картата горе) се следниве:

Географија

уреди

Позначајни планини во околината се Каракамен на југ, Ниџе на северозапад и Пајак на североисток. Најјужниот дел од округот е рамничарски, и во древноста бил поврзан како голем залив со Егејското Море и затоа лежи на надморска височина не поголема од 5 до 10 м. Административно, округот Постол се граничи со окрузите Кукуш на североисток, Солун на исток, Иматија на југ, Кожани југозапад, со Островското Езеро на запад и со округот Лерин на запад. На север се граничи со Република Македонија (општините Кавадарци, Гевгелија и Новаци).

Демографија

уреди

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 78 населени места и сочинуваат околу 35% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 50.000 Македонци.

Стопанство

уреди

Јужниот дел на округот има бројни овоштарници, но денес производството и услужните дејности чинат 70% од стопанската активност.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Law, Gwillim (1999). „Administrative subdivisions of countries: a comprehensive world reference, 1900 through 1998“. McFarland. стр. 152. ISBN 978-0-7864-0729-3. Отсутно или празно |url= (help)
  2. Текст на реформата „Каликратис“ PDF

Надворешни врски

уреди