Арсакли

предградие на Солун

Арсакли (грчки: Πανόραμα, до 1928 Αρσακλή, Арсакли[2]) — предградие на Солун, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Во 2021 г. населението броело 17.679 жители.

Арсакли
Πανόραμα
Вечерна глетка на Арасакли
Вечерна глетка на Арасакли
Арсакли is located in Грција
Арсакли
Арсакли
Местоположба во областа
Арсакли во рамките на Капуџилар-Хортач
Арсакли
Местоположба на Арсакли во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°35.16′N 23°01.53′E / 40.58600° СГШ; 23.02550° ИГД / 40.58600; 23.02550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаКапуџилар-Хортач
Општ. единицаАрсакли
Надм. вис.&10000000000000311000000311 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно17.679
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.552 36
Повик. бр.231

Географија

уреди

Населбата се наоѓа во југоисточниот дел на Солун, во западното подножје на планината Хортач. Позната е како едно од местата со најскапите недвижности во северниот дел на државата. Поврзана е со селото Хортач и предградието Пејзаново на север и со предградието Капуџилар на југ.

Историја

уреди

Византиско време

уреди

Во маалото Платанаќа се најдени остатоци од осум воденици од византиско време поставени на стрмниот терен кои придвижувале производствени погони.

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX и почетокот на XX век Арсакли било турско село во Солунската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Аксакли (Аксаклѫ) броело 205 жители, сите Турци.[3]

Во Грција

уреди

За време на Балканските војни населението се иселило од Арсакли, па затоа во 1913 г. се води како напуштено.[4] Истата година влегло во составот на Грција. Според Боривое Милоевиќ, пред иселувањето Арсакли имало 15 турски куќи.[5] Во 1914 г. во него се доселиле првите грчки колонисти, дојдени од Пига во Мала Азија. На пописот од 1920 г. евидентирани се 133 жители.[4] Подоцна се доселени уште Грци, овојпат од Понт и Кавказ.[4] Во 1928 г. е преименувано во Панорама поради убавата глетка кон Солун. Истата година е заведено како дојденско село со 155 семејства сочинети од 549 жители.[6]

Во 1968 г. е завршена црквата „Св. Ѓорѓи“ која се градела уште од 1928 г.[7][8] Во 1957 г. на извесно растојание северно од Арсакли е основан манастирот „Успение на пресв. Богородица“. Значителниот пораст на населението се должи на приливот на жители во атарот на Арсакли во нови маала. Во 1961 г. тука никнале населбите Ампелон и Платанаќа кои набргу се споиле со селото и престанале да се водат како одделни.[4]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 789 831 992 1.560 4.193 10.275 14.552 17.679
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 310–311. ISBN 9989-9819-6-5.
  5. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 36.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  7. Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 60. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  8. „Ιστορικό“. Ι. Ναός Αγίου Γεωργίου Πανοράματος. Архивирано од изворникот на 20 октомври 2016. Посетено на 10 октомври 2016.

Надворешни врски

уреди