Илиџиево (општина)
Општина Илиџиево Δήμος Χαλκηδόνας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | Вардарија |
Население: | 35 145 (2001) |
Седиште: | Куфалово |
Нас. места: | 17 |
Пошт. бр.: | 570 07 |
Пов. бр.: | 23910-2 |
Портал: | dimos-chalkidonos.gr/ |
Илиџиево (грчки: Δήμος Χαλκηδόνας, Димос Халкидонас) — општина во Солунскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е гратчето Куфалово.
Населени местаУреди
Општината Илиџиево е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Илиџиево, Кавакилево и Куфалово.
Општинска единица ИлиџиевоУреди
Според пописот од 2001 г., општината има 10 001 жител и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Илиџиево
- село Илиџиево (Јајлаџиево, Јајлаџик, Χαλκηδόνα, Халкидона) (3 749 жители)
- Општински оддел Даутово
- село Даутово (Даутче, Даутчи; Ελεούσα, Елеуса) (562 жители)
- Општински оддел Зорбатово (2 433 жители)
- Општински оддел Крџалиево
- село Крџалиево (Άδενδρο, Адендро) (2 283 жители)
- Општински оддел Сарачево
- село Сарачево (Сараклово, Сараџе, Сараџар; Βαλτοχώρι, Валтохори) (314 жители)
- Општински оддел Чохалари
- село Чохалари (Παρθένι, Партени) (562 жители)
Општинска единица КаваклиевоУреди
Според пописот од 2001 г., општината Каваклиево (Δήμος Αγίου Αθανασίου) има 14 387 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Каваклиево
- село Каваклиево (Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос) (4 846 жители)
- Општински оддел Бугариево
- село Бугариево (Νέα Μεσημβρία, Неја Месимврија) (2 343 жители)
- Општински оддел Ватилак
- село Ватилак (Кадиќој; Βαθύλακκος, Ватилакос) (2 198 жители)
- Општински оддел Ингилизово
- село Ингилизово (Αγχίαλος, Анхијалос) (1 062 жители)
- Општински оддел Коритен
- Општински оддел Топчиево
- село Топчиево (Γέφυρα, Гефира) (3 258 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓа и некогашното село Дрмица (Димари).
Општинска единица КуфаловоУреди
Според пописот од 2001 г., општината Куфалово (Δήμος Κουφαλίων) има 10 757 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Куфалово
- град Куфалово (Κουφάλια, Куфалија) (8 102 жители)
- Општински оддел Доганџиево (2 655 жители)
- село Доганџиево (Πρόχωμα, Прохома) (1 294 жители)
- село Аиево (Ехлово или Јахали; Ακροπόταμος, Акропотамос) (698 жители)
- село Караглово (Кара Оглу; Καστανάς, Кастанас) (901 жител)