Сер (општина)
Општина Сер Δήμος Σερρών | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Сер |
Гео. област: | Серско Поле |
Население: | 75 187 (2001) |
Седиште: | Сер |
Нас. места: | 31 |
Пошт. бр.: | 621 00 |
Пов. бр.: | 23210-2 |
Портал: | serres.gr |
Сер (грчки: Δήμος Σερρών, Димос Серон) — општина во Серскиот округ, Егејска Македонија, во состав на областа Централна Македонија во денешна Грција.
Населени местаУреди
Општина Сер е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на шесте стари општини Каваклија, Капетан Митруси, Ќоспекли и Сер како и самостојните општински целини Горно Броди и Фраштани.
Општинска единица Горно БродиУреди
Според пописот од 2001 г., општинската целина Горно Броди (Κοινότητα Άνω Βροντούς) има 406 жители и опфаќа само едно село — Горно Броди (Άνω Βροντού) со 406 жители.
Општинска единица КаваклијаУреди
Според пописот од 2001 г., општината Каваклија (Δήμος Λευκώνα) со седиште Каваклија (Левконас) има население од 3 897 жители и ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Каваклија
- село Каваклија (Λευκώνας, Левконас) (2 136 жители)
- Општински оддел Долно Христос
- село Долно Христос (Κάτω Χριστός, Като Христос) (405 жители)
- Општински оддел Календра
- село Календра (Καλά Δένδρα, Кала Дендра) (1 356 жители)
Општинска единица Капетан МитрусиУреди
Општината е наречена по гркоманскиот андартски капетан Димитар Гоголаков (наречен Капетан Митруси), кој е роден во с. Хомондос (денес Митруси). Поранешната општина Капетан Митруси (Δήμος Κ. Μητρουσίου) има население од 6 402 жители (2001). Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ениќој
- село Ениќој (Προβατάς, Проватас) (1 344 жители)
- Општински оддел Горна Камила
- село Горна Камила (или Христијанска Камила; Άνω Καμήλα, Ано Камила) (746 жители)
- Општински оддел Горно Караџово
- село Горно Караџово (Μονοκκλησιά, Моноклисија) (398 жители)
- Општински оддел Неволјани
- село Неволјани (или Неволен; Βαμβακιά, Вамвакија) (700 жители)
- Општински оддел Хомондос (2 224 жители)
- село Хомондос (или Хуманџа; Μητρούσι, Митруси) (1 569 жители)
- село Долно Хомондос (или Долна Хуманџа; Κάτω Μητρούσι, Като Митруси) (655 жители)
- Општински оддел Чучулигово
- село Чучулигово (Αναγέννηση, Анагениси) (990 жители)
Општинска единица СерУреди
Општинската единица опфаќа еден град и 10 села во Серското Поле и по западните падини на планината Змијница. Седиштето е во Сер.
Населението брои 56 145 жители (2001). Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Сер (54 666 жители)
- Општински оддел Геди Дермен
- село Геди Дермен (или Еди Дермен; Επτάμυλοι, Ептамили) (517 жители)
- Општински оддел Дервешани (587 жители)
- Општински оддел Дутлија (375 жители)
- село Дутлија (или Горен; Ελαιώνας, Елеонас) (300 жители)
- село Мрамор (Χρυσοπηγή, Хрисопиги) (4 жители)
- село Раховица (или Орехово, Рахово; Μαρμαράς, Мармарас) (42 жители)
- манастир „Св. Јован Претеча“ (29 жители)
На територијата на општината се и денес напуштените села Баница, во кое загинал Гоце Делчев и Лакос, каде е роден револуционерот Коста Кукето (? - 1896).
Општинска единица ФраштаниУреди
Според пописот од 2001 г., општинската целина Фраштани (Κοινότητα Ορεινής) има 820 жители и опфаќа само едно село — Фраштани (Ορεινή) со 820 жители.
Општинска единица ЌоспеклиУреди
Според пописот од 2001 г., општината Ќоспекли (Δήμος Σκουτάρεως) со седиште во Ќоспекли (Скутари) има население од 7 517. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ќоспекли
- село Ќоспекли (Σκούταρι, Скутари) (2 614 жители)
- Општински оддел Агова Маала
- село Агова Маала (Αδελφικό, Аделфико) (526 жители)
- Општински оддел Гудели
- село Гудели (Βαμβακούσσα, Вамвакуса) (368 жители)
- Општински оддел Долна Камила
- село Долна Камила (или Турска Камила, Κάτω Καμήλα, Като Камила) (1 430 жители)
- Општински оддел Какараска
- село Какараска (Αγία Ελένη, Агија Елени) (636 жители)
- Општински оддел Комарјани
- село Комарјани (или Комарјан, Кумаре; Κουμαριά, Кумарија) (533 жители)
- Општински оддел Нова Маала
- село Нова Маала (Πεπονιά, Пепонија) (551 жител)
- Општински оддел Сал Маала
- село Сал Маала (Κωνσταντινάτο, Константинато) (414 жители)
- Општински оддел Џами Маала
- село Џами Маала (Κουβούκλια, Кувуклија) (445 жители)