Кукуш (општина)
Општина Кукуш Δήμος Κιλκίς | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Кукуш |
Гео. област: | |
Население: | 51.801 (2001) |
Седиште: | Кукуш |
Нас. места: | 114 |
Пошт. бр.: | 611 00 |
Пов. бр.: | 23410-2 до 7 |
Портал: | e-kilkis.gr |
Кукуш (грчки: Δήμος Κιλκίς, Димос Килкис) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Кукуш.
Населени местаУреди
Општината Кукуш е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на седум општини: Аканџали, Галик, Горчливо Езеро, Дојран, Круша, Кукуш и Хрсово.
Општинска единица АканџалиУреди
Според пописот од 2001 г., општината Аканџали (Δήμος Μουριών) со седиште во Станица Аканџали (Статмос Мурион) има 3.390 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Станица Аканџали (1.479 жители)
- Станица Аканџали (Σταθμός Μουριών, Статмос Мурион) (1.303 жители)
- село Ерџели (Αλεξάνδρα, Александра) (176 жители)
- Општински оддел Аканџали (438 жители)
- Општински оддел Попово (794 жители)
- село Попово (Μυριόφυτο, Мириофито) (638 жители)
- село Караџали (Καλλιρρόη, Калирои) (55 жители)
- село Ново Попово (Νέο Μυριόφυτο, Нео Мириофито) (101 жител) новосоздадено
- Општински оддел Света Петка
- село Света Петка (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) (240 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓале и напуштените села Брест (Акролимнио), Карлобаси (Критика) и Робово (Родонас). Поранешните села Горно Горбасово (или Горно Гарбали; Ано Сурмена), Долно Горбасово (или Долно Гарбали; Като Сурмена) и Чаали (Микровриси) се припоени кон Станица Аканџали. Савџели (Платаниес) и Буламачли (Акакиес) се припоени кон Аканџали.
Општинска единица ГаликУреди
Според пописот од 2001 г., општината Галик (Δήμος Γαλλικού) со седиште во Караџа Кадар (Камбанис) има 7.275 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Караџа Кадар (1 437 жители)
- село Караџа Кадар (или Караџа Кади; Καμπάνης, Камбанис) (1 384 жители)
- село Кучокостејка (Μύλος, Милос) (247 жители)
- Општински оддел Воловот (1 886 жители)
- село Воловот (или Горно Воловот; Νέα Σάντα, Неја Санда) (1 508 жители)
- село Долно Воловот (Παντελεήμωνας, Панделејмонас) (378 жители)
- Општински оддел Саламаново
- село Саламаново (или Саламанли; Γαλλικός, Галикос) (1 135 жители)
- Општински оддел Амбарќој
- село Амбарќој (Μάνδρες, Мандрес) (668 жители)
- Општински оддел Хасан Абас (1 163 жители)
- село Хасан Абас (или Хасан Обаси; Πεδινό, Педино) (1 117 жители)
- село Каваклија (Πέρινθος, Перинтос) (46 жители)
- Општински оддел Чоколово (990 жители)
Општинска единица Горчливо ЕзероУреди
Според пописот од 2001 г., општината Горчливо Езеро (Δήμος Πικρολίμνης) со седиште во Али Хаџалар (Микрокамбос) има 2.864 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Али Хаџалар
- село Али Хаџалар (или Али Хоџалар; Μικρόκαμπος, Микрокамбос) (1 159 жители)
- Општински оддел Сари пазар
- село Сари Пазар (Ανθόφυτο, Антофито) (380 жители)
- Општински оддел Карабунар
- село Кара Бунар (Μαυρονέρι, Мавронери) (656 жители)
- село Горно Постолар (Άνω Απόστολοι, Ано Апостоли) (362 жители)
- село Средно Постолар (Μέσοι Απόστολοι, Меси Апостоли) (114 жители)
- Општински оддел Ново Женско (1443 жители)
- село Ново Женско (Νέο Γυναικόκαστρο, Нео Гинекокастро) (715 жители) новосоздадено
- село Долно Постолар (Κάτω Απόστολοι, Като Апостоли) (587 жители)
- село Вакуфи (Βακούφι) (67 жители) новосоздадено
- село Кокарѕа (Κοκάρτζα) (74 жители) новосоздадено
- Општински оддел Хаџилар (725 жители)
- Општински оддел Верланица
- село Верланица (или Верланџа; Παλιό Αγιονέρι, Палио Агионери) (380 жители)
- Општински оддел Нова Верланица
- село Нова Верланица (Νέο Αγιονέρι, Нео Агионери) (1649 жители) новосоздадено
Општинска единица ДојранУреди
Според пописот од 2001 г., општината Дојран (Δήμος Δοϊράνης) се центар во с. Дојран (Дојрани) има 2.208 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Патарос (1.392 жители)
- Општински оддел Владаја
- село Владаја (Ακρίτας, Акритас) (245 жители)
- Општински оддел Сурлово (571 жител)
Општинска единица КрушаУреди
Според пописот од 2001 г., општината Круша (Δήμος Κρουσσών) со седиште во Коркутово (Терпилос) има 6.770 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Коркутово (943 жители)
- Општински оддел Арбур
- село Арбур (или Арбури; Κορωνούδα, Коронуда) (321 жител)
- Општински оддел Врлан (191 жител)
- Општински оддел Грамадна
- село Грамадна (Ευκαρπία, Евкарпија) (618 жители)
- Општински оддел Долни Тодорак (207 жители)
- село Долни Тодорак (Κάτω Θεοδωράκι, Като Теодораки) (146 жители)
- село Горни Тодорак (Άνω Θεοδωράκι, Ано Теодораки) (61 жител)
- Општински оддел Кара Ахматли (368 жители)
- село Кара Ахматли (Κοιλάδι, Килади) (140 жители)
- село Елезли (Καλολίβαδο, Калоливадо) (15 жители)
- село Касамли (Χειμαδιό, Химадио) (215 жители)
- Општински оддел Кушево (222 жители)
- Општински оддел Ќосе Мурџели (101 жител)
- село Ќосе Мурџели (Διβούνι, Дивуни) (78 жители)
- село Фанарли (Τριπόταμος, Трипотамос) (23 жители)
- Општински оддел Мирово
- село Мирово (Ελληνικό, Елинико) (166 жители)
- Општински оддел Морарци (400 жители)
- Општински оддел Папрат (216 жители)
- село Папрат (Ποντοκερασιά, Пондокерасија) (146 жители)
- село Хоџа Маало (Παρόχθιο, Парохтио) (70 жители)
- Општински оддел Пејково (238 жители)
- Општински оддел Планиница (412 жители)
- Општински оддел Равна (440 жители)
- Општински оддел Рајаново
- село Рајаново (Βάθη, Вати) (433 жители)
- Општински оддел Рошлово (354 жители)
- Општински оддел Севендекли
- село Севендекли (Επτάλοφος, Епталофос) (521 жител)
- Општински оддел Хаџи Бајрамли
- село Хаџи Бајрамли (Θεοδόσια, Теодосија) (214 жители)
- Општински оддел Шемница (405 жители)
- село Шемница (или Снефче, Снефча, Енфиџе; Κεντρικό, Кендрико) (320 жители)
- село Кара Махмутли (Μαυροπλαγιά, Мавроплагија) (73 жители)
- село Сари Дуанли (или Сари Доганли; Πετράδες, Петрадес) (12 жители)
Општинска единица КукушУреди
Според пописот од 2001 г., општината Кукуш има 24.812 жители (2001) и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Кукуш (18.958 жители)
- град Кукуш (Κιλκίς Килкис) (17.430 жители)
- село Бела Црква (Κολχίδα, Колхида) (143 жители)
- село Јанешево (или Јанес; Μεταλλικό, Металико) (371 жител)
- село Серсемли (Ξηρόβρυση, Ксировриси) (172 жители)
- село Сеслово (Σεβαστό, Севасто) (150 жители)
- село Стрезово (Αργυρούπολη, Аргируполи) (591 жител)
- село Шекерли (или Шекерлија; Ζαχαράτο, Захарато) (101 жител)
- Општински оддел Ајдарли (504 жители)
- село Ајдарли (Βαπτιστής, Ваптистис) (449 жители)
- село Киријакеика (Κυριακαίικα) (55 жители) новосоздадено
- Општински оддел Армутчи
- село Армутчи (Μεγάλη Βρύση, Мегали Вриси) (520 жители)
- Општински оддел Грбашел
- село Грбашел (или Грбасел; Καστανιές, Кастаниес) (595 жители)
- Општински оддел Дурасанли (906 жители)
- Општински оддел Ени Маало (556 жители)
- село Ени Маало (Λειψύδριο, Липсидрио) (121 жител)
- село Горно Сари Ќој (Άνω Ποταμιά, Ано Потамија) (105 жители)
- село Долно Сари Ќој (Κάτω Ποταμιά, Като Потамија) (118 жители)
- село Инанли (Ακροποταμιά, Акропотамија) (212 жители)
- Општински оддел Крецово
- село Крецово (Киреч, Χωρύγιο, Хоригио) (919 жители)
- Општински оддел Пазарли
- село Пазарли (Μελάνθιο, Мелантио) (235 жители)
- Општински оддел Сари Ѓол
- село Сари Ѓол (Κρηστώνη, Кристони) (1.138 жители)
- Општински оддел Хаџи Јунус
- село Хаџи Јунус (Σταυροχώρι, Ставрохори) (481 жител)
Општинска единица ХрсовоУреди
Според пописот од 2001 г., општината Хрсово (Δήμος Χέρσου) има 4.482 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Хрсово (1 730 жители)
- село Хрсово (Χέρσο, Херсо) (1 209 жители)
- село Крондирци (или Калиндир, Килиндир, Келиндир; Καλίνδρια, Калиндрија) (176 жители)
- село Новоселјани (или Ениќој, Јениќој; Ελευθεροχώρι, Елевтерохори) (247 жители)
- село Рапеш (или Ратеш; Ηλιόφωτο, Илиофото) (81 жител)
- Општински оддел Маловци
- село Маловци (Ηλιόλουστο, Илиолусто) (460 жители)
- Општински оддел Усуслу (1 666 жители)
- Општински оддел Чугунци (643 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓало и денес непостоечкото село Врагитурци (или Вергетур; гр. Σωτηρούδα, Сотируда).
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.