Капуџилар-Хортач
Општина Капуџилар-Хортач Δήμος Πυλαίας - Χορτιάτη | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 50 192 (2001) |
Седиште: | Арсакли |
Нас. места: | 7 |
Пошт. бр.: | 552 |
Пов. бр.: | 2310-34 |
Портал: | pilea-hortiatis.gr |
Капуџичар-Хортач (грчки: Δήμος Πυλαίας - Χορτιάτη, Димос Пилејас-Хортијати) — општина во Солунско, Егејска Македонија, денес во Солунскиот округ на Централна Македонија, Грција. Општината пофаќа 7 населени места во северозападниот дел на полуостровот Халкидик и ги носи имињата на солунските населби Капуџилар (денес Пилеја) и на планината Хортач (Хортијатис). Административен центар е Арсакли (денес Панорама).
Населени местаУреди
Општината е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Арсакли, Капуџилар и Хортач по законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица АрсаклиУреди
Според пописот од 2001 г., општината Арсакли (Панорама; Δήμος Πανοράματος) има 14 552 жители и опфаќа само едно населено место — градот Арсакли (Πανόραμα, Панорама), кој е впрочем предградие на Солун.
Општинска единица КапуџиларУреди
Според пописот од 2001 г., општината Пилеа (Δήμος Πυλαίας) има 22 774 жители и опфаќа само едно населено место — град Капуџилар (Πυλαία, Пилеја), кој е впрочем предградие на Солун.
Општинска единица ХортачУреди
Според пописот од 2001 г., општината Хортач (Δήμος Χορτιάτη) има 12 866 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Санаториум
- село Ексохи (порано Санаториум; Εξοχή) (1 511 жители) новосоздадено
- Општински оддел Јалиџик
- село Јалиџик (Φίλυρο, Филиро) (3 620 жители)
- Општински оддел Хортач
- село Хортач (Χορτιάτης, Хортијатис) (2 946 жители)
ПоврзаноУреди
- Хортач — месната планина
НаводиУреди
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.