Довишта (општина)
Општина Довишта Δήμος Εμμανουήλ Παπά | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Сер |
Гео. област: | Серско Поле |
Население: | 16.962 (2021) |
Седиште: | Тополјани |
Нас. места: | 17 |
Пошт. бр.: | 620 46 |
Пов. бр.: | 23210-7 |
Портал: | empapas.gr/ |
Довишта (грчки: Δήμος Εμμανουήλ Παπά, Димос Емануил Папа) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Опфаќа 17 села во областа Дарначко во западниот дел на Серското Поле, по западните падини на планината Сминица. Административен центар е селото Тополјани.
Општината го носи името на селото Довишта, чие денешно име е „Емануил Папас“. Името на селото е сменето во чест на истомениот револуционер (1772-1822) од Грчката војна за независност.
Населени места
уредиОпштината Довишта е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на две стари општини: Довишта (Емануил Папас) и Струма.
Општинска единица Довишта
уредиОпштинската единица Довишта (Емануил Папас) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Тополјани
- село Топољани (или Тополен; Χρυσό, Хрисо)
- Општински оддел Везник
- село Везник (Άγιον Πνεύμα, Агион Пневма)
- Општински оддел Горна Нушка (386)
- село Горна Нушка (Μέταλλα, Метала)
- село Сокол (Συκιά, Сикија)
- Општински оддел Довишта
- село Довишта (Εμμανουήλ Παπάς, Емануил Папас)
- Општински оддел Долна Нушка
- село Долна Нушка (Δαφνούδι, Дафнуди)
- Општински оддел Сармусакли
- село Сармусакли (Πεντάπολη, Пендаполи)
- Општински оддел Субашќој
- село Субашќој (Νέο Σούλι, Нео Сули)
- Општински оддел Тумба
- село Тумба (Τούμπα)
Општинска единица Струма
уредиОпштинската единица Струма ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Тумбица
- село Тумбица (Тумбишта или Кешишлак; Νέος Σκοπός, Неос Скопос)
- Општински оддел Бејлик Маала
- село Бејлик Маала (Βαλτοτόπι, Валтотопи)
- Општински оддел Вержани
- село Вержани (Ψυχικό, Психико)
- Општински оддел Вернар
- село Вернар (Παραλίμνιο, Паралимнио)
- Општински оддел Какара
- село Какара (Μεσοκώμη, Месокоми)
- Општински оддел Ново Село
- село Ново Село (или Нихор; Νεοχώρι, Неохори)
- Општински оддел Петелинос
- село Петелинос (Πεθελινός)
- Општински оддел Сал ага
- село Сал Ага (или Сали Ага; Μονόβρυση, Моновриси)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
Литература
уреди- Σπίντιος Ζαχ., Δαρνακικό Γλωσσάρι, Σέρρες 1955