Општина Ениќој
Δήμος Αμφίπολης

Карта на општина Ениќој
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Сер
Гео. област: Зихна
Население: 10.952 (2021)
Седиште: Радулево
Нас. места: 23
Пошт. бр.: 620 41
Пов. бр.: 23240-7
Портал: amfipoli.gr/

Општина Ениќој (грчки: Δήμος Αμφίπολης, Димос Амфиполис) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е селото Радулево (Родоливос). Поголем дел од општината припаѓа на традиционалната историско-географска област Зихна.

Населени места

уреди

Општината Ениќој е создадена на 1 јануари 2011 по законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари општини: Ениќој (Амфиполи), Кормишта (Кормиста), Ќупќој (Проти) и Радулево (Родоливос).

Општинска единица Ениќој

уреди
 
Поранешната општина Ениќој на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Ениќој ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Провишта
  • село Провишта (или Превишта; Παλαιοκώμη, Палеокоми)
  • село Ново Фили (Νέα Φυλή, Неја Фили) новосоздадено
  • Општински оддел Ениќој
  • Општински оддел Локвица
  • село Локвица (Μεσολακκιά, Месолакија)
  • село Нова Локвица (Νέα Μεσολακκιά , Неја Месолакија) новосоздадено
  • Општински оддел Ново Крушево

На територијата на општинската единица се наоѓале и поранешните села Горно Крушево (Ано Кердилија) и Долно Крушево (Като Кердилија) чие население е префрлено во новосоздаденото Ново Крушево.

Општинска единица Кормишта

уреди
 
Поранешната општина Кормишта на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Кормишта со седиште во Нова Бафра ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во историско-географската област Зихна во Источна Македонија:

  • Општински оддел Нова Бафра
  • село Нова Бафра (Νέα Μπάφρα, Неја Бафра) новосоздадено
  • Општински оддел Баница
  • Општински оддел Кормишта
  • Општински оддел Череплен
  • село Череплен (или Черепљан; Ηλιοκώμη, Илиокоми)

Општинска единица Ќупќој

уреди
 
Поранешната општина Ќупќој на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Ќупќој со седиште во Ќупќој ги опфаќа следниве три села во областа Зихна:

  • Општински оддел Ќупќој
  • Општински оддел Анџишта
  • Општински оддел Витачишта

Општинска единица Радулево

уреди
 
Поранешната општина Радулево на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Радулево со седиште во Радулево ги опфаќа следниве три села во областа Зихна:

  • Општински оддел Радулево
  • село Радулево (или Радолиово; Ροδολίβος, Родоливос)
  • Општински оддел Волчишта
  • Општински оддел Шемолтос
  • село Шемолтос (или Шемалтос, Семалто; Μικρό Σούλι, Микро Сули)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски

уреди