Даутбал (општина)
Општина Даутбал Δήμος Ωραιοκάστρου | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | |
Население: | 25 231 (2001) |
Седиште: | Даутбал |
Нас. места: | 11 |
Пошт. бр.: | 570 10 |
Пов. бр.: | 23970-6 |
Портал: | oraiokastro.gr/ |
Даутбал (грчки: Δήμος Ωραιοκάστρου, Димос Ореокастру) — општина во Солунскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е истоимениот град Даутбал.
Населени местаУреди
Општината Даутбал е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Даутбал, Мигдонија, Калитеја.
Напомена: Називите на општинските единици „Мигдонија“ и „Калитеја“ не се однесуваат на ниедно постоечко место. Првата е наречена според горномакедонската област Мигдонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Втората има произволен грчки назив.
Општинска единица ДаутбалУреди
Според пописот од 2001 г., општината Даутбал има 11 896 жители и го опфаќа само градот Даутбал (Ωραιόκαστρο, Ореокастро) во областа Вардарија.
Општинска единица КалитејаУреди
Според пописот од 2001 г., општината Калитеја (Δήμος Καλλιθέας) со седиште во Градобор (Пендалофос) има 6 096 жители и опфаќа само два општински оддела населени места во областа Вардарија:
- Општински оддел Градобор
- село Градобор (Πεντάλοφος, Пендалофос) (1 944 жители)
- Општински оддел Џумаја (1 347 жители)
- Општински оддел Нареш
- село Нареш (Νέα Φιλαδέλφεια, Неја Филаделфија) (826 жители)
- Општински оддел Ново Село
- село Ново Село (Νεοχωρούδα, Неохоруда) (1 979 жители)
Општинска единица МигдонијаУреди
Според пописот од 2001 г., општината Мигдонија (Δήμος Μυγδονίας) со седиште во Ајватово (Лити) има 7 239 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ајватово (3 030 жители)
- Општински оддел Балџа
- село Балџа (Μελισσοχώρι, Мелисохори) (1 722 жители)
- Општински оддел Дремиглава
- село Дремиглава (или Дремиглав; Δρυμός, Дримос) (2 487 жители)
Поранешни селаУреди
На територијата на општината се наоѓаат и четири поранешни села: Камара, Карипци, Прнар и Трите Ана.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.